КОЛКУМИНА ОД ВАС БИ ГО НАПРАВИЛЕ ИСТОТО: Парите од свадбата млади Струмичани ги даруваат за Никола да оздрави
Објавено во: Стил 03 Ноември, 2018 11:09
Живе Коцев и Марија Кармазова се млад брачен пар кој несебично одлучи да ги дарува парите од својата свадбена веселба. Целта на донацијата е оздравување на нивниот сограѓанин Никола Новоселски, пренесе ,,Струмица денес”. Нивниот гест е навистина за поздравување а кога сите би биле како нив светот би бил поубаво место за живеење.
„Фала од срце за донацијата од вашата свадбена веселба која лично ја донесовте. Да сте живи и здрави и среќен брак“ – напиша мајката на Никола.
Никола Новоселски од с. Муртино-Струмица пред неколку години доживеа тешка сообраќајна несреќа од која сe’уште се опоравува по тешките телесни повреди.
Никола уште е во коматозна состојба, не може да се движи ниту пак да зборува. Неговото семејство води секојдневна макотрпна борба за да му обезбедат соодветна нега и лекување во домашни услови и на свој трошок.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





