Комбинација кафе, млеко, антибиотик – да или не?
Објавено во: Стил 17 Јуни, 2014 20:29
Разни комбинации на храна и лекови можат да имаат бројни несакани реакции, но многу луѓе не би помислиле дека единствениот виновник за тоа е и млекото.
Представници од Германската асоцијација на фармацевти објаснуваат дека калциумот од млекото во системот на органи за варење се врзува за одредени лекови, создавајќи слаби спојувања кои крвотокот не успева да ги апсорбира. Поради тоа германските стручњаци ги предупредуваат купувачите после земањето на антибиотици и лекови против настинки и ширење остеопороза да почекаат два часа пред консумирање на кафе со млеко.
Меѓу останатите интеракции истовремено е консумирањето на слатки - од сладок корен - и лекови за виско крвен притисок. Исто така, оваа билка поттикнува отпуштање на калиум низ бубрезите што може да доведе до слабеење на мускулните маси. На лицата со висок крвен притисок им се препорачува помали количини или избегување на слатки.
Пациентите кои земаат антикоагуланси би требало да ги избегнуваат гоџи бобинките, добри за имунитет, кои во интеракција би можеле да предизвикаат крварење.
Грејпфрујитите и цитрусот би требало да ги избегнуваат пациенти кои земаат лекови за регулација на нивото на холестерол во крфта и оние за јакнење на имунолошкиот систем, пример лекови кои се земаат после трансплантацијата на органи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





