Комисијата за транспорт ја усвои Годишната програма на АЕК
Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2013 12:18
Изградбата на деловната зграда и повеќенаменската кула на Водно се дел од капиталните проекти што Агенцијата за електронски комуникации планира да ги заврши годинава.
Проектите се предвидени во Годишната програма за работа на Агенцијата што денеска беше усвоена од собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. Директорот на АЕК, Роберт Ордановски пред пратениците информира дека со цел да се завршат капиталните проекти, намалени се непродуктивните трошоци.
Деловниот објект на АЕК е планирано да биде завршен до половината на годинава, а со изградбата на повеќенаменската кула се очекува да се среди хаосот на Водно со предавателите на операторите, односно тие ќе бидат сместени на едно место, во оваа зграда. Покрај ова, планирана и е набавка на софистицирана мерна опрема со која ќе се мерат сите параметри на мрежите на операторите.
- Со набавката на оваа софистицирана мерна опрема ќе ги имаме сите показатели на мрежите на операторите, а тие ќе имаа должност да ги почитуваат параметрите што им ги зададовме. Мерењата ќе бидат ставени на нашата веб страницаwww.komuniciraj.mk и секој корисник ќе може да добие информации за квалитетот на мрежата на операторот, појасни Ордановски.
Тој меѓу другото најави и дека од септември цената во бирањето на број во сопствената мрежа и во мрежата на другите оператори ќе биде иста, односно ќе изнесува 1,2 денари.
Предлог-одлуката за одобрување на годишната програма за работата на Агенцијата за пошти за 2013 година беше повлечена од дневниот ред поради немање мислење од Владата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени





