Комисијата за жалби по јавни набавки со одлука за тендерот за реагенси
Објавено во: Економија 03 Август, 2018
Државната комисија за жалби по јавни набавки веќе одлучувала за тендерот за набавка на реагенси, кој ја разбранува јавноста, откако ги разгледала трите поплаки на конкурентите Адриамед, АД Д-р. Пановски и Авицена, а што е решено треба да биде објавено во понеделник.
Трите компании, конкуренти на добитникот на тендерот - „АББОТ“, треба писмено да бидат известени за исходот.
Жалбите се доставени на 18 јули, а министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека се запира тендерската постапка за да се утврдат евентуални недостатоци.
Со тендерот процесот на биохемиски анализи треба да се централизира во 12 лаборатории, па наместо самите болници да набавуваат реагенси, сега таа обврска ќе ја преземе министерството.
Тендерот, вреден 36 милиони евра за три години, беше спорен за јавноста по неколку сегменти, а најмногу по новоформираниот домашен подизведувач „Ахр лаб“, фирма регистрирана на адреса на повеќе адвокати, а основана во април годинава, кога во јавноста се дозна дека ќе има централизација на лабораториите.