КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПРЕДЛОЖИ: Постепено отворање на границите и укинување на државните карантини
Објавено во: Македонија 21 Мај, 2020
Комисијата
за заразни болести оценува дека состојбата со епидемијата на корона вирусот е
смирена, односно дека со досегашните мерки и начиниот на менаџирање е ставена
под контрола. Но, на вчерашниот состанок е разговарано како ќе се постапува во
наредниот период, заради што предлагаат низа мерки со цел што поуспешно да се
спречи пренсосливоста на вирусот, а со тоа и ширењето на заразата.
Дел од нивните претпоставки се дека неколку работи се клучни кои би можеле да го зголемат ризикот од нов бран на епидемијата, а тоа се: отворање на границите на државата, користење на летниот одмор надвор од земјава, како и почетокот на новата учебна година, заради што тука треба најмногу да се делува.
Д-р. Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести за Фактор вели дека предлогот на Комисијата е постепено отворање на границите.
-Околу ова прашање не бевме сложни границите на земјава да се отворат наеднаш. Сметаме дека треба да се разговара и да се соработува со секоја соседна држава посебно. Она што јас конкретно го побарав со постепеното отворање на границите е да се укинат државните карантини, со тоа што луѓето би биле само во домашна изолација. Ова е од причина што државните карантини се во надлежнст на Здарвстевн дом Скопје. Нашите екипи таму работат во три смени, што значи се троши голем дел од медицинскиот кадар и медицинската опрема. Нема логика, по отворањето на границите, дали тоа ќе се случи на 1. јуни или на 10. јуни кога ќе има слободно минување од држава во држава, државните карантини и понатаму да бидат во функција, вели д-р Исјановски.
Што се однесува до полицискиот час, кој се уште е на сила до 19.00 часот, а за претстојниот продолжен викенд предлогот на Комисијата е забраната за движење на граѓаните да биде од сабота од 19.00 до вторник до 05.00 часот, Исјановски потенцира, дека се очекува денеска Владата да се произнесе по ова прашање.
-Ослободувањето на полицискиот час исто така треба да биде постепено, по еден час да има зголемување на слободно движење на граѓаните. Можеби нашите мерки се малку построги во однос на соседните држави, но гледаме што се случи во Србија. Болницата за корона вирусот во Врање беше затворена, немаше болни од Ковид-19, а веднаш по укинувањето на мерките, епидемијата повторно се разгоре и сега сите капацитети во Врање повторно се ставени во функција за да се изборат со новиот бран болни од вирусот. Така што сметаме дека навистина се треба да биде постепено и внимателно. Ние дури предложивме за претстојниот викенд полицискиот час да почнува од сабота од 14 часот, но на крајот се согласивме да биде од 19.00. Што ќе одлучи Владата денеска, ќе видиме, појаснува д-р Исјановски.
Инаку, на вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести присуствувале и претставници на Државната изборна комисија, кои побарале целосно да се утврдат протоколите за изборниот процес. Пред се, како што вели д-р. Исјановски разговарале за начинот на кој ќе се носи изборниот материјал до избирачките места, дезинфекција на комбињата, како да да се постапува со гласачите кои во тој момент се во изолација и така натаму.
Сето ова ќе го дефинираме и писмено ќе го доставиме до ДИК, вели д-р. Исјановски.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.