19 Мај, 2024
0.0260

Компаниите до утре треба да се пријават за отпис на долгови

Објавено во: Економија 10 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Утре истекува рокот до кој компаниите, банките и извршителите треба да се пријават дали ќе учествуваат во владиниот проект за отпис на долгови за социјално ранливите категории граѓани. Во текот на следната недела ќе се знае конечната листа на компании кои ќе отпишуваат долгови за неплатени сметки, кредити и такси. Својот интерес да се пријават на огласот на Министерството за финансии досега го изразија најголемиот број од банките во земјава, ЕВН и извршителите. Право на еднократен отпис на долгови ќе имаат лицата кои заклучно до 31 декември 2013 година имале статус на корисник на социјална помош или постојана парична помош, невработени лица кои подолго од една година активно бараат работа како и граѓани изложени на социјален ризик поради инвалидитет, тешка болест или смрт, под услов доколку заедно со брачниот другар имаат максимален годишен приход од 1.700 евра и не поседуваат друга недвижност, освен онаа во која што живеат. За да го искористат ослободувањето од долгови, тие ќе треба да се пријават на огласот што за таа цел ќе биде распишан кон средината на месецов, по што ќе следи проверка дали ги исполнуваат законските услови. Од Министерството за финансии очекуваат целата постапка да заврши во октомври и потсетуваат дека отписот ќе биде еднократен и нема да се повторува како мерка. Се проценува дека мерката ќе опфати меѓу 50.000 и 100.000 граѓани кои имаат проблем да си ги подмират обврските. За отпишаниот долг доверителите, односно правните лица кои ќе се пријават, ќе добијат право на даночен кредит во висина на одреден процент на долгот кој нема да биде повеќе од 10 отсто од отпишаниот долг.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа