20 Декември, 2025
0.0939

КОМПАНИЈА КОЈА НИЖЕ УСПЕСИ: Макпрогрес со раст на извозот, нови инвестиции и нови освоени странски пазари

Објавено во: Мои пари 06 Април, 2017 10:04

Добивај вести на Viber

Кондиторската компанија Макпрогрес Виница одлучи да ги отвори вратите на производствените погони на Винчини за да ја покаже најновата инвестиција која ја заокружи кон крајот на минатата година и која е во целосна функција.

Се работи за инвестиција во нов погон и осма линија за производство на наполитанки и вафли.

Новата линија работи во три смени, има 30 вработени и ќе произведува околу 2000 тони наполитанки во разни пакувања. Вложени се околу 2 милиони евра и од реномиран производител заедно со останатите инвестиции во последните години три години имаат вложено околу 8 милиони евра и вработување на 120 лица .

2016 година за Макпрогрес беше една од најдобрите години во поглед на продажба на производите на Макпрогрес. Тој тренд продолжи и во 2017 со раст на извозот и мал пад на домашниот пазар .

Минатата година ја обележа успешност во сите погледи, висока ликвидност и финансиска стабилност, меѓутоа со мал пад на добивката која најмногу се должи на зголемените цени на суровините.

Околу 80% од вкупното производство  оди на странски пазари или 20 милиони годишен извоз на производи во 55 држави а последниот саем во Келн им ги отвори вратите кон два нови пазари Мароко и Малта.

Пораст на извозот, мал пад на домашен пазар за прв пат

Првите три месеци  на Макпрогрес од Виница му донесоа раст на вкупните продажби за 6,3% во однос на првиот квартал во 2016 година.

Овој резултат го карактеризира поголем пораст на продажбите на извозните пазари и тоа за 9,5 % додека на домашен пазар е остварен пад во продажбите за 2,8% и тоа највеќе во месец март кога се почувствува намалување на побарувачката. Дел  од вината за овој пад има и политичката нестабилност во земјава која неминовно се одрази речиси со пад на речиси сите домашни компании. 

Според Глигор Цветанов Извршен Директор во Макпрогрес Виница, и останатите домашни компании имаат пад во продажбата на домашен пазар што наведува на заклучок дека актуелната политичка нестабилност влијае и врз целокупната потрошувачка во Република Македонија. Според него плановите на компанијата се да продолжи агресивно да се развива на извозните пазари но и да стави поголем фокус на домашниот пазар со поголема маркетиншка присутност и со подобрена комерцијална структура. 

Годишно производство од 14.500 тони и 6% раст на извозот

2016 година е најуспешната година во 26 годишното постоење на компанијата Макпрогрес од Виница во поглед на остварените продажби особено на странските пазари. Годината је карактеризираше и висока ликвидност и стабилност но поради зголемени трошоци понепрофитабилно работење во однос на 2015 година. Главен пораст на трошоците се должи на зголемените цени на сировините а посебно шеќерот како и растот на платите и другите давачки за вработените.

Со своите 550 вработени, компанијата оствари производство од 14.500 тони на различни производи, од кои 80% наменети за странство, остварувајќи 6% раст на извозот во однос на 2015 година.

Трендот на раст се должи на континуираните инвестиции во нови производни капацитети, зголемување на асортиманот на производи како и на континуираните подобрувања во сите сегменти од работењето.2016 година ја одбележаа и  зголемување на бројот на вработени, и лансирањена неколку нови производи меѓу кои Триофино, Твингерс, Наполитан коцки и Тортина плус со нов вкус на портокал.

Блискиот исток и земјите од Магреб атрактивна дестинација за извоз на Макпрогрес Виница

Главната продажба оди на пазарите на Централа и Југоисточна Европа, осносно земјите од екс Југославија, Бугарија, Романија, Албанија, Грција, Чешка , Словачка.

Не е мала продажбата ниту во западно европските земји како што се Германија и Италија. Она што го карактеризира Макрпгрес е извозот во земјите од Магреб и Блискиот исток каде што 10% од вкупното производство оди во тие земји.

„Новите пазари ги освојуваме преку изложба на саеми кои се од светски калибар и директна посета и таргетирање на клиенти“, ни откри Глигор Цветанов извршен директор на Макпрогрес Виница.

Успешна семејна компанија која приказната ја ниже 26 години

Макпрогрес е компанија чија главна дејност е производство на кондиторски производи од кои најпознат е брендот „Винчини“, а поседува и капацитети за производство на земјоделски зрнести производи и прехранбени производи од сегментот на здрава храна кои ги пласира под брендовите „Сончева долина“ и „Натура“.

Карактеристично за компанијата е дека е силно извозно ориентирана и пласира речиси 80 отсто од производството на странските пазари во над 50 држави. „Макпрогрес“ воедно е и една од најбрзорастечките компании во Македонија во поглед на пораст на број на вработени и пораст на продажбата. Во компанијата работат околу 550 вработени.

Она што многу компании би сакале да ги карактеризира а неретко може да се сретне кај нас тоа е незадолженоста .

Компанијата има стратегија во последните години да ја реинвестира добивката. Тоа значи дека Макпрогрес не е задолжен со никакви кредити.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии