08 Мај, 2024
0.0263

КОМПЛИЦИРАНА СИТУАЦИЈА: „Рекет“ останува камен на сопнување за новиот закон за ЈО

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Ништо не бидна од договорот на двајцата опоненти Заев и Мицкоски.

Состанокот на кој требаше да се усогласи новиот Закон за јавно обвинителство и идниот статус на СЈО заврши безуспешно.

Не успеаа да најдат решение за клучните разидувања околу СЈО и Законот за ЈО.

Лидерот на опозицијата го обвини премиерот Заев дека неговиот план бил да не се постигне договор.

-Тој сака контрола на обвинителствата, а тоа го бара за да не одговара за аферата „Рекет“. Ете,затоа, немаме договор“ - изјави Мицкоски . 

Премиерот Заев пак изјави дека тој мисли дека Рекет води директно до лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Власта и опозицијата веќе подолго време се обидуваат да се договорат за новиот Закон за јавно обвинителство, со кој би требало да се разреши и идниот статус на СЈО, формирано во 2015 година за процесуирање на прислушуваните разговори од времето на владеењето на Никола Груевски.

„СДСМ си го бранеше сопствениот криминал, ВМРО си го бранеше сопствениот и - не се договорија. Некој е зачуден поради тоа?

Мора промена на изборниот законик, да се отстрани дискриминацијата на граѓанските листи во однос на партиите, и да се направи обид да се разбие 30-годишната клептократија на СДСМ-ДПМНЕ“, напиша Здравко Савески на Фејсбук коментирајќи ја лидерската средба.

Ситуацијата се искомплицира кога италијанскиот весник Ла Верита објави „бомби“ за аферата Рекет за изнуда на пари, во која сега е осомничена и притворена и шефицата на СЈО Катица Јанева.

Опозицијата ја обвинува власта дека го одолговлекува случајот Рекет токму поради вмешаноста на функционери од СДСМ , додека власта смета дека тој случај е доказ за владеење на правото во земјава и дека никој не е над законите.

Имено, вчера Катица Јанева се спаси од разрешување.  Од опозициските пратеници на седница на Собранието поднесена била предлог точка за разрешување на Јанева. Сепак, овој предлог не поминал со 58 гласови против од страна на владејачкото мнозинство.

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија