Катица Јанева се спаси од разрешување - Нови тактизирања во Собрание
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2019 13:34
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева иако поднесе оставка и поминати се сите редовни процедури од Советот на јавни обвинители до Комисијата за именувања во Собранието, денес се спаси од разрешување.
Според информациите кои ги добивме од опозициските пратеници на седница на Собранието поднесена била предлог точка за разрешување на Јанева. Сепак, овој предлог не поминал со 58 гласови против од страна на владејачкото мнозинство.
"ВМРО-ДПМНЕ во Собрание предложи точка на дневен ред разрешување на СЈО Катица Јанева, согласно веќе усвоената препорака на Комисијата за избори и именување и Советот на јавните обвинители за спец.обвинителка да биде разрешена. Дополнителен аргумент е што таа е во притвор и е осомничена за случајот Рекет, а истовремено дава и одлуки и наредби од притвор, кои се противзаконски. Парламентарното мнозинство со 58 гласа го отфрли предлогот Катица Јанева да биде разрешена, нејасно е зошто власта ја штити Катица Јанева од разрешување на очиглед на целата јавност за нејзината злоупотреба на позицијата спец јавен обвинител" велат од опозицијата.
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ бил поддржан од неколку пратеници на власта, но недоволно за формални и официјално да и се прекине функцијата на Катица Јанева која е во притвор.
Во меѓувреме продолжуваат натегањата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за конечно решение на положбата на СЈО според новиот предлог Закон за јавно обвинителство и тоа кој ќе ги води предметите започнати од "бомбите", за тоа кој ќе биде шеф на новото обвинителство и дали досегашните помошници на Јанева да продолжат по автоматизам во фузираното Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција.
Х.С.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




