Добивај вести на Viber
Македонската Радио Телевизија, конечно по 40 години доби модерна и нова опрема. Македонскиот јавен сервис се поднови со две HD репортажни возила со 12 нови HD камери, специјализирани за директни преноси од секаков вид (спортски натпревари, манифестации, фестивали итн.) опремени со најмодерна технологија и графика.
„Изминатиов период покажавме дека јавниот сервис може да има квалитетна програма. Нашите планови се големи бидејќи граѓаните на Република Македонија кои плаќаат радиодифузна такса заслужуваат да имаат квалитетен техничко опремен јавен сервис, кој има за задача прв да ги воведе македонските медиуми во дигиталната ера на 21 век а воедно и да обезбеди исоко квалитетна програма “ - изјавија од менаџментот на МРТВ.
Средствата за опремата се од буџетот на МРТВ, а инвестицијата е дел од проектот за модернизација на јавниот сервис според најновите техничко-технолошки трендови кои овозможуваат професионално и квалитетно работење.