Добивај вести на Viber
Во првите 100 дена од ветената четиригодишната програма, реализирани или во тек на реализација се половина од проектите, се пофали денеска градоначалникот Ивица Коневски за време на презентацијата што е сработено во изминатите 100 дена.
Коневски најави дека Општината заедно со Советот ќе продолжи со реализација на капиталните проекти за подобрување на условите за живот на граѓаните, а Општина Аеродром че остане како што рече, најпосакувано место за живеење и место со најдобри услови за инвестирање.
За четири години ветена е реализација на 102 проекти, од кои сега се работи на 51 проект, или над 90% од она што е предвидено за тековната година, посочи градоначалникот.
Како најзначајните проекти ги спомена уредувањето на паркот „Бановина“, почетокот на изградба на спортскиот центар „Јане Сандански“, Реконструкција на пешачката патека Тоше Проески и на локалниот пат Горно – Долно Лисиче, изградба на повеќе улици, реконструкција на спортските сали во основните училишта , како и реконструкција на повеќе градинки во општината.