07 Април, 2025
0.0481

КОНФИСКУВААТ ИМОТ НА ДОЛЖНИЦИ, А САМИТЕ НЕ ГИ УПЛАЌААТ ПАРИТЕ ВО БУЏЕТОТ – еве какви забелешки најдоа ревизорите за Агенцијата за управување со одземен имот

Објавено во: Економија 04 Април, 2025 12:50

Добивај вести на Viber

Не ги уплатиле сите пари во Буџетот, нивните финансиски извештаи не точни, а проблеми се утврдени и кај квалификациите на вработените во Агенцијата за управување со одземен имот. Ова се дел од забелешките на ревизорите кои утврдиле дека има недостиг на средства уплатени во Буџетот.

-  Анализата на остварените приходи од продажба на одземен имот иуплатените средства во Буџетот на државата реализирани од Агенцијата во период од 2011 до 30 септември 2024 година упатуваат дека од остварените вкупни приходи во износ од 1,650 милијарди денари, во Буџетот на државата уплатени се 1,205 милијарди денари, односно уплатени се 445 милиони денари помалку – се нагласува во ревизорскиот извештај изработен од Државниот завод за ревизија.

Понатаму ревизорите утврдиле дека како неискористени парични средства на депозитната сметка на Агенцијата на ден 31.12.2023 година се наоѓаат 40.721 илјади денари, кои не се уплатени во Буџетот на државата.

-  Во истиот период, од 2013 заклучно со 30.09.2024 година, од остварените приходи потрошени се вкупно 10.519 илјади денари по разни основи од редовното работење на Агенцијата. Во 2023 година на овој начин се потрошени 4.771 илјади денари– се укажува во извештајот.

Но, ревизорите истакнуваат дека користењето на средствата од продажба на одземени предмети и недвижен имот по правосилни судски одлуки или управни не е во согласност со Законот за буџети бидејќи предизвикува поголеми расходи во однос на максималните износи на одобрени средства по буџетски корисници на централната власт што секоја година ги утврдува Владата при планирањето на буџетот, како и незаконско користење на средствата кои требало да бидат уплатени во Буџетот на Македонија.

Ревизорите се осврнуваат и на човечките ресурси во Агенцијата, поточно на профилот на вработените. Укажуваат дека од предвидените 47 административни службеници, за 18 позиции за кои е потребно 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, знаења, искуство и вештини, пополнети се само шест. Потоа посочуваат дека најголем број на работните позиции, поточно 16 се од ниво В4- помлад соработник кој треба да има најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и со или без работно искуство во струката, каде се пополнети само седум места. Во секторот за оперативно работење надлежен за преземање, складирање, евидентирање, чување, продажба и управување со одземениот имот, од планираните 16 вработени има само седум стручни лица. Кај секторот за финансиски прашања за планираните 12 позиции, работите ги извршуваат само три лица - помлади соработници. Во самостојното одделение за човечки ресурси, од планираните пет, пополнето е само еднo работно место, додека кај дејностите од информатичка област предвидено е да ги врши еден помлад соработник, кој се ангажира со договор на дело. Ревизорите исто така укажуваат дека неколку години наназад не се спроведуваат обуки за вработените, ниту пак се подобрувале просториите на Агенцијата.

-  Многу малку средства се искористени за подобрување на просторните или техничките капацитети на Агенцијата и истите од 1,82 отсто учество во вкупните расходи за 2019 година, се намалени на 0,22 проценти во вкупните расходи за 2023 година. Технички ресурси: стари софтверски решенија од кои дел не се користат, слаба функционалност на системот за продажба- лицитација кој заедно со Веб страната (постара верзија) се во континуирани состојби на грешки, чести паѓања на веб порталот, некогаш јавно недостапни дури и за време на јавно наддавање. Во делот на останати прашања ревизорите укажуваат на потребата од усогласување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка со Законот за процена како вработените во Агенцијата би можеле да се стекнат со статус проценувач за да може да се врши процена на вредноста на одземениот имот без одлевање на средства– посочуваат од ДЗР.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ВРАЌАЊЕ НА КОРЕНИТЕ: Порше сака да прави тенкови

ВРАЌАЊЕ НА КОРЕНИТЕ: Порше сака да прави тенкови

ТРИ ЛИЦА ЈА „БРКААТ“ РАБОТАТА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ – имаат солидни плати, но и вишоци во касата

ТРИ ЛИЦА ЈА „БРКААТ“ РАБОТАТА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ – имаат солидни плати, но и вишоци во касата

Директорот на ТИРЗ: Царините на Трамп индиректно ќе ги погодат слободните индустриски зони

Директорот на ТИРЗ: Царините на Трамп индиректно ќе ги погодат слободните индустриски зони

Колку заработи бизнисменот Ајри Шеј од новокупената топлана во Скопје?

Колку заработи бизнисменот Ајри Шеј од новокупената топлана во Скопје?

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „СПРЕЧУВАЊЕ НА ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА И ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ СЕ ДВАТА ПРОЕКТА НА КОИ ЌЕ РАБОТИ КОМОРАТА ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД“

МИЛИЈАРДЕР БЛИЗОК НА ТРАМП: За ова не гласавме, претседателот Трамп со царините ја губи довербата на деловните лидери ширум светот

МИЛИЈАРДЕР БЛИЗОК НА ТРАМП: За ова не гласавме, претседателот Трамп со царините ја губи довербата на деловните лидери ширум светот

ШПЕДИТЕРОТ ГОЛЕМ АКЦИОНЕР МОЖЕБИ НЕМА ДА „ЛАПНЕ“ ГОЛЕМА ДИВИДЕНДА, АМА ЌЕ СЕ ОФАЈДИ ОД ГОЛЕМАТА ЗДЕЛКА - што ќе ѝ продаде „Фершпед“ на „Европа“ за пет милиони евра

ШПЕДИТЕРОТ ГОЛЕМ АКЦИОНЕР МОЖЕБИ НЕМА ДА „ЛАПНЕ“ ГОЛЕМА ДИВИДЕНДА, АМА ЌЕ СЕ ОФАЈДИ ОД ГОЛЕМАТА ЗДЕЛКА - што ќе ѝ продаде „Фершпед“ на „Европа“ за пет милиони евра

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ СО ДРАСТИЧНИ МЕРКИ ПОРАДИ ТАРИФИТЕ НА ТРАМП: Стелантис им нуди попусти на американските клиенти

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ СО ДРАСТИЧНИ МЕРКИ ПОРАДИ ТАРИФИТЕ НА ТРАМП: Стелантис им нуди попусти на американските клиенти

НАД 50 ЗЕМЈИ БАРААТ ПРЕГОВОРИ СО САД - американската администрација тврди „нема удар за потрошувачите“

НАД 50 ЗЕМЈИ БАРААТ ПРЕГОВОРИ СО САД - американската администрација тврди „нема удар за потрошувачите“