19 Јануари, 2025
0.0241

КОНТРОВЕРЗНИ СОВЕТИ: Како до повисока плата?

Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Слушањето на традиционалните совети како „ биди тимски играч" или „заработи уште една диплома“ би  можело да ѝ помогне вашата кариера. Но, постојат многу фактори кои влијаат на вашата  моќ за заработка. Некои не се во ваши раце, други можете да ги контролирате, но во некои случаи, можеби ќе треба да ги поместите моралните граници, пишува „Moneytalksnews.com“.Еве неколку совети  што може да помогнат за повисока плата. 1.Запишете се на фитнес  и доведете се во топ форма! Им завидувате на колегите кои претпочитаат да одат во теретана секој ден? Можеби треба да им завидувате и на нивните повисоки приходи. Студијата на Универзитетот Њујорк, покажува дека „еден процент зголемување на телесната тежина кај жените резултира со намалување на приходите на нејзиното семејство во износ од 0,66 процентни поени. Одењето на фитнес, може да Ви ја зголеми платата. Резултатите од „ Journal of Labor Research“ покажуваат дека оние кои вежбаат редовно имаат во просек  9% повисоки плати од останатите. Се разбира, ова не е доказ за причинско - последичната врска, но можно е дека луѓето кои вежбаат се и подобри работници, па на тој начин заработуваат повисока плата. Не постои гаранција дека добрата физичка кондиција ќе значи и подобра финансиска состојба, но вежбањето во секој случај може да биде „win-win“  опција. 2.Размислувајте како висок човек Да се биде висок, не е предност само во случај на пронаоѓање партнер или полесно снаоѓање во толпата, туку повеќе  студии покажуваат дека високите луѓе имаат и повисоки плати. Можно е да постои врска меѓу висината и начинот на кој ние се гледаме себеси и другите луѓе, што во крајна линија води кон подобри работни резултати и успех во кариерата. 3.Бидете посреќни Вие се чувствувате лошо? Тоа нема да Ви помогне бидејќи посреќните луѓе  имаат повисока самодоверба и редовно заработуваат . Истражувањата на Универзитетот во Илиноис, покажале дека среќата и висока самопочит кај младите луѓе, довеле до повисоки приходи во подоцнежниот живот. Авторите на студијата откриле дека позитивноста е  клучот на успехот. 4.Изгледајте компетентно Се чини дека компетентниот изглед е плус за вашата кариера, дури и ако не сте всушност способен човек. Според истражувањето што доаѓа од Универзитетот Дјук, извршните директори кои делуваат компетентно и тоа само врз основа на изгледот, заработуваат  7,5% повеќе од извршните директори кои не се се труделе да бидат тоа што не се. Ако ниту еден од горенаведените совети не можат да помогнат вашиот случај, тука се и неколку помалку етички одлуки кои можат да доведат до покачување на платата. Иако за многумина се претерани и неприфатливи, сепак помагаат за повисока плата. 5.Лажете за висината на вашата претходна плата Дел од  кандидатите за работа лажат за нивните претходни плати,  или во апликациите или во интервјуата. Нивниот аргумент е,  зошто да не, ако тоа Ви помогне во преговорите за плата? Меѓутоа, ако бидете фатени во лага ќе ги сносите последиците за постапките. 6. Целете на местото на Вашиот шеф Не е изненадување дека шефовите заработуваат повеќе, но тие во Америка заработуваат значително многу повеќе.  Според просекот од 2011 година, директорите од добрите компании, заработиле 379 пати повеќе од просечниот работник во нивната компанија. Затоа, желбата за врвот може да биде профитабилна. Но ако планирате валкани игри, запомнете дека сечилото има две страни. 7. Разубавете ја својата биографија Дали сте се размислувале на вашата работна позиција да и дадете впечатливо име како „ менаџер за принт- производство ", иако всушност работите како практикант задолжен за одржување на фотокопирот во канцеларијата. Секогаш постои искушението да ја разубавите вашата биографија, па така да станете квалификувани за подобри позции и повисока плата. Тоа не е невообичаено, во една анкета во САД, 31% од испитаниците признале дека лажеле за своите способности. Сепак, важно е да се нагласат и резултатите од „Career Builder“ кои покажале дека половина од испитаниците биле и фатени од менаџерите во нивните лаги. Секако не ја добиле работата.  

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ