20 Декември, 2025
0.1329

Корисниците добиваат еден месец бесплатна претплата

Објавено во: Мои пари 29 Јуни, 2015 14:04

Добивај вести на Viber

Следејќи ја својата определба за поголема достапност на производите и услугите, Вип преку услугата Купи Онлајн воведува уште една поволност за своите постпејд корисници. Имено, постпејд корисниците кои од денес ќе направат онлајн нарачка, преку www.vip.mk/webshop , и ќе склучат нов договор или ќе го обноват постоечкиот на 24 месеци, добиваат една месечна претплата бесплатно. Дополнително, ексклузивно само на Купи Онлајн, корисниците ќе можат да одберат еден од телефоните со специјален попуст.

Купи Онлајн е интернет продавницата на Вип која е отворена на почетокот на оваа година, каде купувањето е брзо и ефикасно со бесплатна достава во цела Македонија, а на располагање на корисниците им се речиси сите услуги кои се достапни и во продажните центри на Вип.

Корисниците можат да склучат нов или да го обноват својот постоечки постпејд договор, да набават припејд пакети за користење на припејд услугите на Вип, да купат мобилни телефони и друга терминална опрема (припејд картички, интернет стикови итн.) од актуелната понуда на Вип, како и останати услуги, или пак директно со одбирање на производите и услугите во Советникот за телефони кои се означени со знакот кошничка.

Плаќањето на интернет продавницата може да се изврши само со платежна картичка и тоа со платежни картички од брендот на MasterCard и VISA, како и со платежните картички на домашните банки. Процесот на плаќање и корисничките податоци се целосно безбедносно заштитени.

Подетални информации корисниците можат да добијат со јавување на контакт центарот на Вип на 077 1234 или на www.vip.mk/webshop.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии