КОРОНАТА „КОСИ“ ВО НЕГОТИНО И КАВАДАРЦИ - во цела држава бројот на смртни случаи зголемен за 63 отсто
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2021
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 15 до 21 февруари 2021, тестирани се вкупно 15.849 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,8 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.320 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 3,9 отсто во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.007; 43,4%), со неделна инциденца – 163,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 412,8/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (409,0/100.000).
Процентот на позитивност се движи од 11,8 до 16,3 отсто, просечно 14,7 отсто, на исто ниво како минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=575, 24,8%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=445; 19,2%), 40-49 (n=442; 19,1%), 50-59 (n=413; 17,8%) и 20-29 (n=300; 12,9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 1,6%) и 10-19 години (n=107; 4,6%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 1.760 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 30,1% помалку во споредба со минатата недела.
Пријавени се 70 смртни случаи од 13 градови, со зголемување од 62,8 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 65 лицa биле над 60 години, и 5 лица на возраст од 50-59 години.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 15 до 21 февруари 2021, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.