26 Април, 2024
0.0472

КОРОНАВИРУСОТ СЕЕ СТРАВ: Што вели „ловецот на вируси“ доктор Липкин за можна глобална пандемија?

Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Андерсон Купер, водител на емисијата „Anderson Cooper Full Circle“, која се емитува на Интернет преку платформата „Фејсбук Вач“, разговараше со д-р Јан Липкин, познат и како „ловец на вируси“.

Д-р Липкин кинеската влада го повикала да им помогне во борбата со коронавирусот, откако им помогнал во 2003 година во сузбивање на вирусот САРС.

По враќањето од Кина, тој влегол во карантин, каде што се наоѓа од 4 февруари. Тоа е само-наметната изолација, која е неопходна за да се следи појавата на можни симптоми на коронавирус, рекол тој.

Д-р Липкин истакнал дека станува збор за еден вид вирус кој екстремно лесно се пренесува, но дека тестирањето за заразените сè уште е во тек за да се утврди точната стапка на смртност. Од клиничка гледна точка, не е лесно да се утврди дали некое лице е заразено само со коронавирус или грип, и затоа е неопходно да се спроведат молекуларни тестови, како и тестирање на антитела.

Д-р Липкин посочува дека голем број на заразени дури и не покажуваат симптоми на болеста, додека други само малку се разболуваат. Тие најлоши случаи се само врв на ледениот брег, смета тој.

-Вообичаена постапка е да се испита општата здравствена состојба на заразениот пациент, дали тие имаат хронично заболување на белите дробови, карцином, алергија или нешто што може да ги направи подложни на инфекција - објаснува д-р Липкин, додавајќи дека овие тестови не се сигурен показател за тоа кој има поголема предиспозиција да се зарази, со оглед на тоа што многумина од персоналот во болницата изгледаа очигледно здрави, но сепак го загубија животот поради вирусот.

Дали се започна од змија или друго животно?

Што се однесува до животното кое го пренесува коронавирусот, лекарот посочува дека засега сè укажува на лилјаците, но дека допрва треба да се открие кое животно е медијаторот домаќин. Тој не верува дека тие се змиите. Како можно решение за оваа загатка, тој гледа во панголините ( цицач прекриен со лушпи) кои се користат во Кина за разни медицински цели.

- Панголинте се јадат затоа што се верува дека им помагаат на жените кои дојат или оние кои страдаат од автоимуни заболувања, како што е ревматоиден артритис. Овие тврдења, се разбира, не се потврдени со докази - вели тој.

Иако сè уште не е познато со сигурност, д-р Липкин верува дека врската што недостасува помеѓу лилјак и човекот е токму панголин.

Кои се изгледите за глобална пандемија?

Во врска со можната глобална пандемија на коронавирусна пандемија, д-р Липкин истакна дека сè уште е неизвесно и дека не е невозможно инфекцијата да достигне светски размери, но дека нема потреба од паника. Тој го спомна грипот како пример, од кој 400.000 луѓе умираат секоја година. Дури и со оглед на стапката на морталитет, која во моментов изнесува 2 проценти, коронавирусот е помалку смртоносен отколку што изгледа.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори