20 Декември, 2025
0.0611

Кошаркарската федерација ја поддржа кампањата Шанса за живот

Објавено во: Мои пари 14 Август, 2015 12:35

Добивај вести на Viber

Македонската Кошаркарска Федерација се приклучи кон кампањата Шанса за живот, иницирана од компанијата  ОКТА. Сите средства собрани од пријателскиот натпревар со репрезентацијата на Израел се веќе донирани за целите на кампањата. На повик на Федерацијата фановите на кошарката преку донирање на минимум 100 денари  добиваа алка со логото на кампањата и со тоа можеа да го следат натпреварот и дадат поддршка за кампањата.

„Преку активностите на кампањата Шанса за живот, ја увидовме состојба на Одделението за интензивна нега и потребата од донација. Овој натпревар е само почеток на нашиот придонес кон хуманата цел што ќе продолжи и понатаму. Благодарни сме на сите оние што беа присутни на натпреварот и се вклучија во кампањата, но воедно како што ние ќе продолжиме со нашата поддршка, ги повикуваме и граѓаните на активно вклучување во кампањата Шанса за живот“, изјавија од Федерацијата.

sansa za zivot 1

ОКТА како главен донатор ја започна кампањата минатата година со цел подобрување на условите на интензивното одделение, каде секојдневно се сместуваат бебиња родени со компликации од целата држава.

„Вклучувањето во кампањата од страна на Кошаркарската Федерација покажува дека сме успеале во целта, да ја подигнеме свеста на граѓаните за состојбите на овој оддел и да ја мотивираме нивната поддршка преку донација. Горди сме што нашите досегашни залагања придонесоа кон постигнување на видливи резултати со неколку донации, а со истата динамика и ентузијазам ќе продолжиме и понатаму“, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА.

sansa za zivot 2

Преку кампањата шанса за живот за Интензивното одделение беше набавен нов инкубатор, а се обезбеди и сервис на останата опрема како аспиратори, перфусори и три постоечки  инкубатори. Наскоро следи и нова донација, најавуваат од ОКТА.

„Благодарни сме за вклучувањето на Кошаркарската федерација и нивната поддршка ни значи многу. Ова е уште еден чекор кон подигнување на јавната свест за потребите на нашето одделение. Бројот на поддржувачи секојдневно се зголемува, но исто така и нашите потреби, затоа повторно ги повикувам граѓаните, компаниите и здруженијата на поддршка и донации за кампањата“, изјави Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести од Скопје.

sansa za zivot 3

Активностите поврзани со кампањата Шанса за живот, ќе продолжат и во наредниот период, но, овој пат со целосна поддршка и учество на настаните од страна на МКФ.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии