15 Декември, 2025
0.0813

Косовски политичар има телефон од 14 илјади евра!

Објавено во: Балкан 03 Февруари, 2014 13:34

Добивај вести на Viber

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово и поранешен градоначалник на Приштина Иса Мустафа е изложен на критики во јавноста затоа што во имотниот лист не го пријавил исклучително вредниот мобилен телефон. Косовскиот портал „Индексонлајн“ објавил фотографија на која Мустафа во рацете држи мобилен телефон марка „VERTU CONSTЕLLATION GOLD“. Со брзо пребарување на Гугл, порталот дознал дека ваков вид телефон, и тоа половен, чини околу 14 илјади долари. „Привилегија да поседуваат ваков вид телефон имаат многу малку луѓе, повеќето од нив кои ја имаат таа среќа се милиониери“ се наведува во написот на порталот. Во изјавата за имотната состојба за 2013 година, Иса Мустафа освен куќа, земјоделска површина, Инситутот „Риинвест“ и некои банкарски заштеди во банки во Косово, не наведува друг имот. Фотографијата била направена за време на една од средбите на косовските лидери минатата година.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството