Добивај вести на Viber
Пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ вели дека знае зошто се гневни неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ, кои ги нарекува неработници.
Тоа, како што пишува Костадинов на својот фејсбук профил, е затоа што успеале да го изгласаат петтиот пакет мерки насочен кон закрепнувањето на економијата, и покрај, како што вели, опструкциите од ВМРО-ДПМНЕ.
Еве што напиша Костадинов на својот фејсбук профил.
„Да бидеме искрени, зошто е гневот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ толку голем после изгласувањето на петтиот сет економски мерки? Со самото гласање со 62 пратеника ЗА, паднаа во вода буквално сите лажни тези кои ги пласираа.
Падна тезата дека владејачкото мнозинство не е стабилно!
Падна тезата дека некои пратеници од владејачкото мнозинство размислуваат да ги поддржат нивните политики.
Падна тезата дека тие се загрижени и бараат итна седница за петтиот сет економски мерки, напротив се докажа дека беа до крај деструктивни.
Падна тезата дека буџетот бил празен и државата немала пари за исплата на помошта кон граѓаните и компаниите.
Падна тезата дека тие се одлучувачки фактор во Парламентот.
Видовме сите, освен за ширење хистерија за друго и не ги бидува.
Жалам што 60.000 работници беа мета на ВМРО-ДПМНЕ, сепак на крај пораката до граѓаните е јасна и прецизна.
Нема да дозволиме калкулации со интересот на нацијата, успеавме без неработниците од ВМРО-ДПМНЕ“, напиша пратеникот Костадинов на својот фејсбук профил.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.