20 Декември, 2025
0.0524

Коучинг со гаранција за успех на жените претприемачи

Објавено во: Мои пари 31 Март, 2017 11:00

Добивај вести на Viber

Ситуацијата со женското претприемништво во Македонија не го отсликува вистинскиот потенцијал на жените во бизнисот. Имено, од сите претпријатија во Македонија само 30% се во сопственост на жени. 99% од нив се микро и мали претпријатија бидејќи голем дел од нив не го развиле целокупниот потенцијал на својот бизнис. 

Коучингот за зголемување на продажбата јасно го таргетира потенцијалот на жената претприемач и во целиот процес ослободува скриени извори на продуктивност и ефикасност во бизнисот. Коучот и жената претприемач работејќи заедно во иста насока и кон иста цел ја зголемуваат веројатноста за постигнување успех во бизнисот.

Коучинг програмата за зголемување на  продажбата е дизајнирана да ги подобри способностите на жената менаџер за креирање на околина за побрзо и поедноставно водење на бизнисот.

Овој добро осмислен и логичен коучинг процес е поддржан со конкретни менаџмент алатки. Со нивно користење жената менаџерсе стекнува со клучна способностда ја менува околината во корист на своите бизнис цели, наместо постојано да ги прилагодува според барањата на околината.   

Разликата помеѓу коучинг програмата за зголемување на  продажбата и другите видови коучинг е во тоа што оваа коучинг програма гарантира успех.

Зголемувањето на продажбатае единствениот начин за ефектуирање на сите акции што ги презема жената менаџер или сопственикот на бизнисот. Коучинг програмата за зголемување на продажба нуди гаранција за минимум 10% зголемување на продажбата во период од 2 месеци.

Основните 3 принципи врз којшто се базира гаранцијата за успех  се следниве:

I.  Преземање одговорност за бизнис резултатите на клиентот. Ова значи дека коучот ја споделува одговорноста за бизнис резултатите на клиентот.

II.  Секој застој во растот или проблем во бизнисот се должи навнатрешни причини, а не на околината;Најголемиот број менаџери причините за лошите бизнис резултати ги гледаат во околината. На пример, нефер конкуренција, владина политика, слаба куповна моќ и сл. Околината може да вознемирува, и да создава пречки, но таа не може да ја спречи жената менаџер постојано да презема акции за промоција, продажба и испорака на постојните производи.

III.  Секоја акција за подобрување на бизнисот треба да биде мерлива.Секој менаџер поаѓа од ставот дека тој презема акции за да ја подобри состојбата. Тоа не се негира, но мора да се знаат индикаторите според кои тој смета дека тие акции се вистинските.


Врз основа на овие принципи се спроведуваат активности во 3 фази:

1. Ставање ред во бизнисот на менаџерот (организација на работењето);

2. Искористување на потенцијалот на постојните продукти/услуги на фирмата (промоција и продажба);

3. Препознавање и засилување на успешните акции на менаџерот/претприемачот (комуникација со добавувачи, вработени и клиенти за пониски трошоци).


Исполнувањето на 3-те принципи дава можност сите жени претприемачи да извршат целосна промена во секојдневието, намалување на хаосот, ставање во ред на бизнисот и со тоа унапредување и зголемување на продажбата. Останати придобивки од исполнување на трите принципи кај жените претприемачи се следниве: поголема свесност за улогата на жените претприемачии претприемништвото, препознавање на специфичните предизвици за жените претприемачи, идентификување и планирање на својот најдобар претприемачки стил, зголемени вештини за дефинирање на личните и деловните цели, ефективно комуницирање во компанијата и со надворешните акционери, подобро справување со родовите и културните предизвици, ефективно комуницирање со бизнис партнерите и зголемување на мрежата на соработници.

Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од Swisscontact и PREDA Plus активно работи на поддршка на жените претприемачи. ИМЕ програмата планира поддршка на 50 жени претприемачипрекуко-финасирање на коучинг програмата за зголемување на продажбата. Заинтересираните жени менаџери, претприемачи и сопственици на бизниси можат да ги искусат придобивките од коучингот за раст на бизнисот со посетување на демо-сесиите организирани преку ИМЕ Програмата од кои првата е закажана на 31 март во комплексот „Македонско село“ во Скопје. 

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии