20 Декември, 2025
0.0894

Ковачевски: Доколку има прекршување на работните процедури и на овластувањата да се постави нов директор на Детската клиника

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2022 13:18

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски во врска информациите објавени во некои медиуми и на социјалните мрежи за дежурствата на директорката на Детската клиника д-р Аспазија Софијанова на Клиниката, изјави дека доколку во конкретниот случај има прекршување на работните процедури и на овластувањата веднаш да се постави нов директор на Детската клиника.

– Јас нема да навлегувам во квалификации за нешто за што немам детали пред мене. Но, веќе разговарав со министерот Сали доколку има прекршување на работните процедури и на овластувањата веднаш да постави нов директор во Детската клиника, рече премиерот Ковачевски во одовор на новинарско прашање по посетата на Општата градска болница во Гостивар.

Министерот за здравство Беким Сали посочи дека за секој поединечен случај во кој што има злоупотреба секако дека ќе има санкции.

– Моја одговорност и на Министерството е системски да ги решаваме проблемите иако повремено се појавуваат недоследности, односно злоупотреби од типот на почитување на работното време, начин на имплементација на Колективен договор. Во конкретниот случај има сомнеж за злоупотреба на почитување на Колективниот договор, според кој директорите имаат право да дежураат, да работат со пациенти. Тоа е измена во Закон која што беше направена пред две години, затоа што имавме случаи кога директор станува лице кое што е главен раководител на еден оддел и во тој случај пред заминување во директорската функција и немањето можност во одделот се чувствуваше таа празнина во секојдневната работа на болницата. Им се даде можност на директорите да дежураат и да работат со пациенти. За секој поединечен случај кој што има злоупотреба секако дека има санкции, рече Сали одговарајќи на новинарски прашања при посетата на болницата во Гостивар.

Наша работа, како што потенцира министерот Сали, е системски да ги решаваме недоследностите и можните проблеми кои што се појавуваат, а поединечните случаи ќе бидат во надзор на Фондот за здравствено осигурување, имајќи во предвид дека тие се финансиери на јавните здравствени установи.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти