26 Јуни, 2024
0.0337

КОВИД-19 ЌЕ СЕ ТРЕТИРА КАКО ОБИЧНА ИНФЕКТИВНА БОЛЕСТ: Комисијата за заразни болести предлага укинување на сите мерки

Објавено во: Македонија 08 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Комисијата за заразни болести ќе му препорача на Министерството за здравство и на Владата да бидат укинати сите задолжителни мерки за Ковид-19, а тоа се задолжително носење маски во болниците, јавниот превоз, аптеките и во домовите за стари лица и лица со посебни потреби.

Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција рече дека ова следува по последниот состанок на Светската здравствена организација на која Советот за итности препорача укинување на итната состојба за Ковид-19.

Предлогот се однесува и на тоа Ковидот да се третира како вообичаена заразна болест која ќе биде на ниво на другите болести.

-Препорачуваме и понатаму луѓето кои ќе прават посети во болници или оние кои ќе се најдат во болница за каква било друга услуга или интервенција се уште да користат заштитни маски особено доколку се во високата ризична група на граѓани кои имаат повеќе болести, кои се над 65 год итн. бидејќи носењето маски ни укажа на тоа колку може да се превенираат интрахоспиталните инфекции, рече Мехмедовиќ.

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе одлука за препорака до Министерството за здравство преку тоа и до Владата и главниот координативен кризен штаб да бидат укинати сите.

Тој информира дека се намалува бројот на заразени од Ковид-19 кои се регистрираат на неделно ниво, а рекордно најниско ниво на заболени од ковид е регистриран минатата недела - 66 заболени. Во последниот извештај нема починати, а оние кои се заразени се лесни случаи кои не се на респираторна поддршка.

Ковидот, како што рече Мехмедовиќ, ќе остане да биде присутен меѓу нас, прогласување на крајот на сите мерки не значи дека веќе нема да го има и ќе треба да внимаваме.

Се уште стојат препораките за вакцинација против Ковид-19. Според Мехмедовиќ, тоа е една од методите којашто не доведе во ситуација да направиме колективен имуминтет.

На Комисијата се разговарало и за тоа во иднина како треба да се водат извештаите за Ковид-19 и дали треба да бидат тие на неделно или на месечно ниво. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели