„Крајно време е да запре тонењето на сите принципи во Македонија“: Димитриевски ветува владеење на правото, ЗНАМ ги објави листите
Објавено во: Македонија 24 Март, 2024
Повисоки плати, праведен систем, силна економија, поддршка за младите, вложување во здравствениот сектор и земјоделството се дел од заложбите на политичката партија Движење ЗНАМ - За наша Македонија, која на Конвенцијата што се одржа денеска во Скопје ги претстави носителите на листите за следните парламентарни избори и го промовираше кандидатот за претседател на државата, Максим Димитриевски.
Димитриевски истакна дека заложбата на ЗНАМ е сите што живеат во Македонија да произведат доволно храна и енергија за, како што рече, „да бидеме свои на своето“.
- Да бидеме свои на своето, да бидеме независни во одлуките и новите генерации да ги носиме сами а не под туторство и диктат - рече тој.
Дополни дека во Македонија е потребен баланс во општеството и политиката и од голема важност за нормалното функционирање на државата, според него, има дефиницијата на соживот, со што, како што нагласи, Македонија мора да гради реално мултиетничко општество.
- Крајно време е се да се запре тонењето на сите принципи во Македонија. За нас принципите на кои е поставена Македонија се црвените линии, нешто за кое што нема разговори и преговори. Демократија, владеење на правото и почитувањето на основните права и слободи на секој поединец се принципите по кои се водиме за менување на црно-сивата слика во општеството - рече Димитриевски.
Тој нагласи дека ќе биде претседател на Македонија кој суштински ќе постапува согласно Устав и ќе делува независност.
-Нема да потпишам закон или друг документ што ќе ѝ штети на државата и нашиот народ, нагласи кандидатот за претседател.
Интеграцијата во Европската Унија, кажа Димитриевски, е стратешка цел, но, прво треба да се сработи работата дома.
На Конвенцијата беа презентирани и носителите на кандидатските листи за парламентарните избори. Дел од нивните заложби се спречување на одливот на младите и вложување во здравствениот сектор и земјоделството.
Носител на листата во Изборна единица 1 е Бобан Карапејовски, професор на Филолошкиот факултет на УКИМ, член на Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ. Тој на денешната Конвенција посочи дека ЗНАМ ќе понуди особена поддршка за младите, финансиска поддршка за малите средини, и укинување на данокот за купување на стан.
Даниел Стојчевски, м-р по кривично право, директор на ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово и претседател на Општинската организација на ЗНАМ во тој град, носител во ИЕ2 посочи дека е неопходно итно и неодложно вложување во здравствениот сектор, покачување на плати од 50 проценти.
Носителот на листата во Изборната единица 3, Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија, доктор по историски науки, сподели дека со масовна поддршка, ЗНАМ ќе докаже дека во Македонија повторно може да се спроведе ред, работа и поредок и праведен систем во кој сите луѓе ќе се чувствуваат, како што рече „свои на своето“.
Во ИЕ4 листата ќе ја предводи економистот Миле Цеков, претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија и претседател на ОО на ЗНАМ во Струмица кој денеска изјави дека партијата, како што рече, ќе служи само на народот. Според него, младите не се иселуваат од глад, туку од потрага по правда. Цеков вети силна економија, со особена поддршка на земјоделството.
Весна Бендевска, поранешна пратеничка и член на КСЗД, по професија психолог, предводник на Петтата изборна единица, нагласи дека мора да се зачува темелот на државотворноста што ја граделе народните херои.
За носител на листата во ИЕ6 е избран Небојша Захариевски, правник и претседател на ОО на ЗНАМ во Тетово кој денеска вети чиста вода за сите граѓани, спречување на одлив на младите умови, повисоки плати за просветни работници, подигнување на безбедносниот систем, и повеќе спортски активности во образованието и инвестиции во спортот воопшто.
Извор и Фото: МИА* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.