КРАТКО ТРАЕШЕ РАДОСТА ЗА ПАРНОТО - вечерва радијаторите се студени, дали со време да почнеме да се навикнуваме
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2022 19:33
Точно е дека утрово скопјани се разбудија со топли радијатори, но изгледа радоста кратко траеше, бидејќи по се изгледа дека надлежните само што „го видоа сонцето“, решија да го исклучат системот, па во текот на поголемиот дел од денот парно немаше.
Парно нема ниту вечерва, веројатно споед правилниците кои укажуваат на надворешна температура на која не се пушта топлинско греење.
Инаку, денеска министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на електрани на Македонија Васко Ковачевски ја посетија топланата „Исток“ во Скопје, по што ги уверија жителите на главниот град дека ќе има доволно топлинска енергија до крајот на грејната сезона.
Директорот на електрани Васко Ковачевски рече дека енергенсите се обезбедени до крајот на октомври и без разлика дали ќе работи компанијата ТЕ-ТО. Ковачевски смета дека со менаџирање на сите капацитети во државата успешно ќе ја поминеме оваа грејна сезона.
– Топлинска енергија во термоцентралите што ги изнајмуваме од „Адора“ во топлани на „Исток“ и „Запад“. Утрово во 5 часот и 50 минути грејните тела почнаа на температура од 9 степени, работеа до 9 часот и 15 минути кога беше достигната надворешната температура од 12 степени и во овој период беа испорачани 997 мегават часови топлинска енергија, вели директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




