15 Декември, 2025
0.0894

Кренар Лога се повлекува од партискиот живот и од сите функции во Алијансата за Албанците

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2025 19:31

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога на социјалните мрежи објави дека се повлекува од партискиот живот. 


Пишува дека по подолг период на анализа и рефлексија, одлучил да се повлече од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал во Алијансата за Албанците.

„Ова не е лесна одлука за мене, затоа што во текот на целиот овој пат ја вложив својата енергија, срце и душа, па дури и повеќе од тоа. Имав чест да запознаам верни и неуморни соработници, како и такви што не го издржаа долгиот и предизвикувачки пат. Во изминатите десет години имав можност да запознаам посветени луѓе, искрени пријатели и оддадени соработници. Заедно поминавме низ битки што оставија трага во нас, исто како што и ние оставивме трага во тие битки. Ова мое политичко патување секогаш беше искрено и вистинско. Во текот на дебатите, критиките и судирите, можно е понекогаш да сум претерал. Доколку некој се почувствувал повреден од мојот збор или однесување, искрено му се извинувам. Секогаш сум ги кажувал своите ставови, убедувања и вистини без да ја пресметувам цената што тие можат да ја носат. Дури и кога тие не биле популарни, сум одбрал да не ги сокријам, затоа што вистината и иднината бараат храброст. Во овој период имав чест да ја извршувам функцијата генерален секретар, а подоцна и потпретседател на партијата. Ова беше можно единствено благодарение на поддршката од членовите и активистите на Алијансата за Албанците, на кои им упатувам искрена благодарност. Не ги заборавам ниту гласачите на Европскиот фронт и на Националната Алијанса за Интеграција, кои ја покажаа довербата во нашето дејствување. Јас сум израснат во семејна, политичка и патриотска средина; роден во семејство кое избрало опстанок понекогаш преку земјоделство, а понекогаш преку печалба, единствено за да може полесно да се спротивстави и да се соочи со југословенскиот режим. Израснав меѓу двајца браќа кои останале без имиња до прво одделение, бидејќи режимот не дозволувал „иредентистички“ албански имиња; израснав опкружен со фамилијарни политички затвореници, диференцирани и прогонувани, воспитан со духот на националната преродба и патриотизмот - дух кој секогаш ќе ме поддржува, без оглед на улогата што животот ќе ми ја понуди. Имам многу што да раскажам... Се надевам дека еден ден ќе најдам храброст сето тоа да го ставам на хартија“, пишува Лога. 

Додава дека Северна Македонија заслужува да се издигне како слободна и еднаква држава за сите нејзини граѓани. Според него, многу предизвици се надминати, а многу други сè уште треба да се соочат со внимание, храброст и мудрост. 
„Ни останува заедничка обврска, како Албанци, Македонци, Турци, Власи, Бошњаци и други, да ја изградиме оваа земја како дом сакан и почитуван од сите“, вели Лога. 

Додава дека ќе биде меѓу луѓето, но отсега во еден послободен и независен пат - како солист што можеби ќе има тешкотии да игра сам, но ќе го направи тоа со слободен дух и со љубов кон луѓето.

Можеби ќе ве интересира

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца