14 Мај, 2024
0.0295

Криминалците бегаат од Биткоинот!

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Криптовалутата биткоин на почетоците имаше огромна популарност во криминалното подземје, па со неа можеше да се тргува со дрога, оружје, да се порачува детска порнографија, како и да се плаќаат нарачани убиства за мафијашките организации. Сега, со брзата и екстремна популаризација на биткоинот се воведени и повеќе механизми за следење на трансакциите, па така криминалците се поретко ја користат оваа криптовалута за перење пари или вршење на нелегални плаќања. 

Повеќе безбедносни агенции меѓу кои ФБИ и Европол креираа сопствени механизми за следење на криминалот, па така штом имаат сознанија дека ќе се изврши нелегална трансакции ги известуваат берзите на кои се врши замена на валути да ги стопираат трансакциите во кои има сомнежи дека се инволвирани лица од подземјето.

Тоа не значи дека криминалците целосно ќе се откажат од биткоинот или пак дека целосно ќе се откажат од криптовалутите. Затоа се бележи зголемен раст на различни видови на криптовалути кои нудат уште подобра заштита на идентитетот и приватноста на трансакциите со енкрипција на податоците како што се Монеро и Зкеш. 

Основачите на криптовалутите Монеро и Зкеш велат дека нивните дигитални производи не се наменети за криминалците, туку дека самата природа на финансиските средства е привлечна за таков вид на активности бидејќи пред се е заштитена приватноста и дека мнозинството од нивните корисници се легални сопственици на криптовалути кои не вршат никаков вид на криминал.

Можеби ќе ве интересира

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа