„КРИМИНАЛНОТО ЈАДРО НА СДСМ ПРОБУВА ДА ОСТАНЕ ДО СЕПТЕМВРИ НА ЧЕЛО НА ПАРТИЈАТА“: Членот на ЦО, Џафероски синоќа објави скандалозни статуси
Објавено во: Македонија 31 Мај, 2024
Членот на ЦО на СДСМ, Аднан Џафероски, синоќа на неговиот фејсбук профил даваше загрижувачки коментари за синоќешниот партиски состанок на СДСМ на Бихаќка.
Според неговите статуси, очигледно е дека во СДСМ врие.
„КРИМИНАЛЕЦОТ Зечевиќ наместо да организира насилие со своите КЛОШАРИ за задржување на позицијата, подобро е да даде објаснување пред членството колку пари наследи, како се потрошени тие пари и зошто пред две недели ја задолжи Партијата за нови 1.6 милиони евра..!?
Партијата немаше никакви долгови и кредити..“ се дел од статусите што тој ги објави.