Криптовалутите како (не)законско средство за плаќање
Објавено во: Колумни 05 Февруари, 2021 07:01
Брзиот раст на вредноста на криптовалутите донесе и мноштво ризици. Помеѓу останатото, крипто-валутите се користат заради нивната квази анонимност, како средство за плаќање на криминални активности и трансакции на црниот пазар. Понатаму, меѓународната и децентрализирана природа на криптовалутата во комбинација со недостаток на соодветна регулатива, го оневозможува следењето на трансакциите од аспект на даночните институции. Како директна последица, затајувањето на данокот од остварените капитални добивки преку тргување со криптовалути преставува честа практика. Понатаму, употребата на криптовалути се користи за перење на пари и финансирање на тероризам.
Од овие причини, државите низ целиот свет превзедоа соодветни активности, а нивните пристапи се разликуваа во значајна мера. Додека, пак, земји како на пример Р. Хрватска, се определија за легализирање и оданочување на криптовалутите, други земји вклучително и нашата, превзедоа активности за забрана за тргување и поседување на криптовалути. Европската Унија како унифициран ентитет, зазеде цврст регулаторен пристап кон криптовалутата во петтата директива за спречување перење пари. Оваа директива создава регулаторна рамка ширум ЕУ, слична на рамката воведена претходно во САД. Директивата ги регулира давателите на услуги вклучени во размена на услуги помеѓу виртуелни валути и останатите валути, како и даватели на услуги за дигитални паричници, кои сега се обврзани да ги исполнуваат истите услови како финансиските институции.
Забрана или регулација
Забраната и ограничувањето на употребата на криптовалутите, односно иновативните технологии, не е преставува нов концепт. Преку забраната, се дава јасно предупредување за опасностите од криптовалутите и на тој начин всушност се намалува обврската на државата да ги штити граѓаните кога тие влегуваат во трансакции како потрошувачи од оваа област. Сепак, преку забрана на тргувањето со криптовалути, државите се откажуваат од потенцијалните даночни приходи и се исклучуваат од целокупниот развој во оваа област. Покрај тоа, со ваквата поставеност на законската рамка, идиректно се поттикнуваат незаконски активности и се ограничува можноста за соработка со давателите на финансиски услуги, во однос на спречување на нелегални активности,спречувањето на перење пари и финансирање на тероризам.
Забрана за употребата на криптовалутите во нашата држава
Нашата државасе вбројува во земјите кои што завземаакрут став кон можноста за тргувањето и поседување со криптовалути. На 28.09.2016 година, Народната банка издаде предупредување во однос на криптовалутите, преку кое ги потсети македонските граѓани, дека согласно Законот за девизно работење, а особено со Одлуката за начинот и условите под кои резидентите кои не се овластени банки можат да отвораат и да поседуваат сметки во странство, освен во специфични околности, резидентите не смеат да поседуваат банкарски сметки или хартии од вредност во странство. Од таа причина, инвестициите на македонските резиденти во криптовалути исто така се сметаат за незаконски, и може да бидат предмет на санкции. Во овој контекст, слично соопштение од страна на Народната банка беше издадено и на 31 Мај 2017 година.
Од друга страна, користењето на криптовалутите за перење пари и финансирање тероризам е предмет на закон и може да биде санкционирано. Но, ако трансакцијата со криптовалути се изврши надвор од законските финансиски канали дефинирани како „субјекти“ согласно Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (финансиски институции, агенции за недвижнини, нотари, адвокати, инвестициски советници и сл.), тешко е да се идентификуваат ваквите криминални активности. Со ова се отвора логичното прашање - дали легализацијата на криптовалутите може да донесе придобивки преку користење на кооперативен пристап што ќе поддржува дополнителни механизми за известување и контрола? Иако купувањето и инвестирањето во криптовалути кај нас е забрането, според Законот за персонален данок на доход, приходот од капитална добивка е предмет на оданочување. Ова би значело дека основната законска рамка за оданочување на криптовалутите во нашата држава веќе постои.
Регулација на криптовалутите во ЕУ
За разлика од македонскиот пристап, Европската унија го препозна значењето на криптовалутите и одлучи да ја регулира оваа област. Основата за регулирање на криптовалутите е Директивата на ЕУ против перење пари. Оваа Директива е клучен инструмент за спречување на нелегални финансиски текови, особено во делот на прекуграничните трансакции. Всушност, можноста за употреба на криптовалутите за нелегални активности резултираше со имплементација на специфични правила и прописи во врска со криптовалутите (како вид на виртуелна валута) во новата верзија на Директивата за спречување на перење пари - AMLD5. Директивата го користи терминот „крипто-средства“и има за цел регулирање на крипто-валутите во најдобар интерес на корисниците и пошироката јавност. ЕУ врши редовна евалуација на Директивата, односно таа со текот на годините се развива со цел да преставува фокусирана рамка занамалување на ризиците. Всушност, клучен аспект на процесот на контролатана тргување со криптовалутите е барањето за регистрација и идентификација на корисниците. Обврската за берзите за размена на криптовалути и давателите на услугата за дигитални паричници е да побараат идентификација од потенцијалните клиенти пред да им дадат пристап до услуги.
Сепак, тоа не ги спречува корисниците да вршат трансакции со користење на приватни паричници или приватно да разменуваат криптовалути за парични средства. Покрај тоа, некои сметаат дека AMLD5 е голем упад во приватноста, како еден од клучните аспекти на криптовалутите. Овој став се заснова на фактот дека концептот на квази анонимност е разнишан заради барањата за известување на бројни посредници и даватели на услуги за поседување и трговија на криптовалути. Според новиот режим, дигиталните паричници се поврзани со физички лица на сличен начин како и отварањето насметка во банка. Конечно, како една од перспективите која претставува чекор во регулирањето на дигиталните средства за плаќање, исто така, може да биде и „Дигиталното евро“.
Заклучоци и препораки за идниот развој на регулацијата и ограничување на употребата на криптовалутите
Немањето на јасен став е секако најлошиот можен пристап кон регулирање на областа на криптовалутите, бидејќи еднакво ги загрозува корисниците и претприемачите, а истовремено ги занемарува криминалните активности и ги загрозува фискалните интереси на државата. Сепак, и двата останати пристапи - легализирање и/или забрана, истовремено имаат свои придобивки и недостатоци, односно ризици. Забраната на употреба на криптовалутите овозможува едноставно и јасно решение. Меѓутоа, се губи можноста за соработка со сите инволвирани страни со цел да се создаде побезбедна средина и да се поддржат иновациите во сферата на финансиските технологии.
Одлуката за регулирање, односно легализирање, од друга страна поседува карактеристики на инклузивност. Тоа им овозможува на технолошките компании и давателите на услуги на криптовалути да ја вршат својата деловна активност, додека истовремено воведува правила на игра со цел намалување на незаконските дејствија. Легализацијата исто така, создава можност за сеопфатно оданочување. Додека многу даночни системи, вклучително и нашиот, содржат општи правила кои не исклучуваат профит поврзан со нелегални трансакции од оданочување, зголемувањето на износот на наплетени даноци бара соработка помеѓу даночните власти, даночните обврзници и страните што ги имаат потребните информации. Ова очигледно ќе се оствари единствено доколку даночните власти соработуваат со давателите на услуги и трговците со криптовалути. Недостатоци сепак постојат и во однос на примена на овој пристап. Имено, тоа значи дополнително административно оптоварување, како за давателите на услуги со криптовалути погодени од регулативата, така и за државата што треба да одвои значителни ресурси со цел да обезбеди почитување на законската рамка.
Сепак, различно од забраната, придобивките од регулативата јасно ги надминуваат посочените недостатоци. Регулацијата ги прави криптовалутите побезбедни за употреба и овозможува барем делумно следење на оваа област. Дополнително, исклучително е корисно барем делумно да се набљудува развојот на пазарот и да се спречат голем број незаконски активности. Новите иницијативи на ниво на ЕУ покажуваат дека има простор за сеопфатна регулација што ја зголемува заштитата на потрошувачите и стабилизирање на пазарот. Понатаму, регулаторната цена за државите се компензира со потенцијалните даночни приходи, додека трошоците за компаниите се компензираат со повисоко ниво на правна сигурност, што е важно за процесот на планирање и развој. Конечно, бидејќи и ЕУ и САД избираат регулаторен пристап, се чини корисно за одделни држави да се надоврзат на постојните регулативи и да се соочат со предизвиците поврзани со криптовалутите преку меѓународна соработка и регулација.
м-р Андреј Илиевски, докторанд по Економски науки, со над 20 годишно банкарско искуство на пазлишни раководни и професионални позиции
д-р Шиме Јозиповиќ, вонреден професор на Економскиот факултетот во Сплит, Р. Хрватска (Раководител на катедрата Жан Моне)
д-р Марко Перкушиќ, вонреден професор на Економскиот факултетот во Сплит, Р. Хрватска
Напомена: Колумната е изготвена врз основа на претходно напишан и прифатен научен труд кој што ќе биде објавен во меѓународното научно списание „The Iustinianus Primus Law Review“, во издание на Правниот факултет „Јустинијан Први“ –Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





