Кристијан Керн од железници е нов канцелар на Австрија
Објавено во: Свет 13 Мај, 2016
Кристијан Керн, генералниот директор на Австриски железници, е нов претседател на Социјалдемократската партија и канцелар на Австрија.
Тој доаѓа на местото на канцеларот Вернер Фајман, кој поднесе оставка на 9 мај на двете функции. Ова уследи две недели откако неговата партија доживеа неуспех во првиот круг на претседателските избори. СПО ја сочинува владејачката коалиција со центристичката Народна партија. Во првиот круг на претседателските избори на 24 април, кандидатот на десничарската антиимигрантска Слободарска партија, Норберт Хофер, освои повеќе од 35 % од гласовите.
Другите пет кандидати добија значително помалку гласови од него.