23 Декември, 2024
0.0267

Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во „dm дрогериe маркт“: „Воодушевена сум колку брзо студентките ја засакаа Bestie и ја прифатија нејзината поддршка“

Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Минатите два месеци бевме сведоци на голем број промени. Носител на промените беше и останува „dm дрогерие маркт“ преку својот проект „Никогаш повеќе сама“ кој е посветен на сите студентки. Преку овој проект продолжуваат активностите за поголема менструалната правда, но и намалување на ефектите од менструалната сиромаштија во земјава. Овој проект преку својата уникатност за кратко време стана прифатен од страна на седумте државни универзитети во Македонија, но пред сé, од страна на сите студентки кои се дел од овие универзитети.

Бевме сведоци на голем број едукативни содржини, објавени беа неколку музички плејлисти на Spotify, одржани беа две панел-дискусии на државните универзитети, споделени беа реални искуства од познатите личности на социјалните мрежи, започна моден „red outfit“ предизвик, а најважно од сé – поставени беа над 220 диспанзери, секогаш полни со хигиенски влошки од приватната марка „Jessa“. Како предводник на тимот што стои зад оваа општествено одговорна кампања е Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во „dm дрогерие маркт“. Таа во изминатиот период, заедно со нејзиниот тим, беше постојано присутна во јавноста ширејќи ја пораката зад овој проект.

Непосредно пред празниците завршува првата фаза од проектот, па затоа решивме да поразговараме со Дуранска за впечатоците од големата успешност на проектот и плановите во новата 2025 година.

Какви се вашите впечатоци од досегашниот тек на проектот „Никогаш повеќе сама?

Дуранска: Проектот „Никогаш повеќе сама“ ги надмина сите очекувања на „dm“, но и сите мои очекувања досега. Пред сé, многу сме благодарни што сите засегнати страни беа многу соработливи и дадоа сé од себе да поставиме добра основа за почеток на проектот. Потоа, многу сме изненадени од брзата и одговорна реакција на седумте државни универзитети, но и на Министерството за образование како поддржувач на проектот. Без нив, овој проект немаше да може да започне навремено и немаше да го има овој убав тек.

Преку одличната соработка, успеавме да поставиме над 220 диспанзери со бесплатни хигиенски влошки од приватната марка Jessa. Преку успешното поставување и редовното дополнување на диспанзерите со отстапените количини влошки, ја направивме менструацијата помал предизвик за секоја студентка. Тоа веќе го добиваме како коментар од студентките на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“ при одржувањето на панел дискусиите, а вакви коментари добиваме и од останатите универзитети по пат на нашата тековна и непречена комуникација.

Какво е задоволството кај универзитетите, но пред сé кај студентките?

Дуранска: Согласно последните координативни онлајн состаноци, универзитетите се повеќе од задоволни од проектот „Никогаш повеќе сама“. „dm“ организираше периодични состаноци со универзитетите преку кои обезбедивме нивно задоволство, но исто така реагиравме во случај на појава на предизвици при поставувањето и одржувањето на диспанзерите, управување со количините на влошки и дополнителна потреба од диспанзери за подобра мрежна покриеност. Од состаноците, можевме да воочиме дека нивното задоволство е на високо ниво, што многу нé израдува.

Дополнително, негувавме редовна комуникација и со студентските здруженија од универзитетите. Од нив добивавме многу позитивни коментари кои нé движат со позитивна енергија по текот на проектот, но и конструктивни предлози, кои етапно и навремено ќе ги имплементираме за да обезбедиме уште поголемо задоволство кај нив.

Како беше прифатена најдобрата другарка на секоја студентка Bestie?

Дуранска: Bestie сите ја прифатија неочекувано брзо. Кога имав прилика да поразговарам со студентките на универзитетите каде одржавме панел дискусии, тие ми кажаа дека штом се случело некоја од нив да се најде во непредвидлива и неочекувана ситуација, тие веднаш знаеле дека Bestie ги чека за да им помогне во женскиот тоалет.

Од друга страна, тие се многу благодарни за советите, плејлистите и сите останати содржини кои Bestie им ги подготви и ќе продолжи да им ги подготвува, а кои навистина ги има многу на број. Според нив, досега не постоел ваков проект посветен на менструацијата, со целото внимание насочено кон нив и нивните предизвици.

Со каков интерес беа проследени сите содржини кои ги продуциравте во минатиот период?

Дуранска: Како што веќе споменав, содржините беа проследени со особено голем интерес. Тоа е така, поради тоа што „dm“ се водеше по големото интернационално истражување посветено на менструалната сиромаштија, според кое сфативме што е потребно ние да преземеме.

Нашиот тим креираше целосна креативна стратегија, која опфати богат опсег на теми и содржини кои ќе им помогнат на сите девојки. Оваа тема донесе и отвори многу можности да се зборува за неа и многу теми на кои работевме и ќе работиме во периодот пред нас. Нашата цел беше и останува да донесеме промени во македонското општество, а промените започнаа и веќе се видливи. Сакаме секоја девојка да знае дека „dm“ и Bestie се тука и ќе бидат тука, рамо до рамо, носејќи им простор и можности да се едуцираат, но и подобро да се грижат за себе – без срам и предрасуди кон овој природен и сосема нормален процес.

Колку сте задоволни од соработката со студентските здруженија и невладините организации во минатите два месеци?

Дуранска: Воодушевени сме од посветеноста на студентските собранија и здруженија. Новите генерации ни покажаа и докажаа како се носат промените, како се работи на нивно остварување и како се соработува за доброто на сите студенти. Тие беа постојано отворени за контакт, достапни и ни даваа поддршка во текот на овој дел од кампањата. Веруваме дека нивната посветеност ќе ја сведочиме и во остатокот од проектот, но и по завршувањето на проектот на крајот од 2025 година.

Од другата страна ги имавме невладините организации, кои неуморно ни помагаа преку информации, податоци, но и преку нивните силни познавања за темата. Заедно со нашите и нивните информации, познавања и податоци се најдовме на средина. Сплотени, ги намалуваме ефектите од менструалната сиромаштија и ќе дојдеме до поголема менструална правда за студентките, но и за сите девојки и жени во Македонија.

Дали веќе се подготвувате за новата 2025 година и какви се плановите за новата година?

Дуранска:  Да, нашиот тим неуморно работи на сите подготовки за продолжението на проектот „Никогаш повеќе сама“ по празниците. Во изминатиот месец бевме во постојан контакт и координација со универзитетите, кои неуморно нé известуваа и ни испраќаа информации.

Со нив бевме во активни преговори за поставување на дополнителни диспанзери. Работиме на зголемување на мрежата од над 220 диспанзери, а така ќе ги направиме менструалните производи уште подостапни за студентките. Додатно на овие состаноци разговаравме и за одржување нови настани и активности со почетокот на летниот семестар на седумте државни универзитети.

Која е вашата новогодишна порака до сите студентки, но и пошироката јавност за новата 2025 година?

Дуранска: Пред сé, би сакала да им ја честитам новата 2025 година и новогодишните празници, и да им посакам да ги поминат празниците со најблиските, во топла атмосфера, правејќи ги нештата кои нив ги исполнуваат, ги прават среќни и ги дефинираат како уникатни личности. Потоа, би сакала да посакам многу поголем прогрес и придвижување на работите нанапред кога станува збор за ваквите важни теми за нашето општество. За крај, сакам да им дадам ветување дека „dm“ останува до секоја девојка и жена во Македонија, бидејќи кога тие се среќни, безгрижни, успешни и исполнети, ние се радуваме и прославуваме за нив и со нив.

Можеби ќе ве интересира

Оилтек ги надминува националните цели, води на патот во заштитата на животната средина во 2024 година

Оилтек ги надминува националните цели, води на патот во заштитата на животната средина во 2024 година

Влијанието на лошите животни навики може да се контролира со примена на подобри алтернативи

Влијанието на лошите животни навики може да се контролира со примена на подобри алтернативи

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА КОШАРКАРСКИ КЛУБ СТРУМИЦА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА КОШАРКАРСКИ КЛУБ СТРУМИЦА

Ребрендирање и револуционерна апликација: MINT Fintech Group го слави својот 8-годишен јубилеј

Ребрендирање и револуционерна апликација: MINT Fintech Group го слави својот 8-годишен јубилеј

Гуматек ги инспирира младите умови со работилница за Upcycling во основно училиште

Гуматек ги инспирира младите умови со работилница за Upcycling во основно училиште

Квалитетот и традицијата спој кој трае повеќе од 101 година: Интервју со Анита Чакарова, Директор за контрола, квалитет и безбедност на храна во ПИ „Кристал 1923“

Квалитетот и традицијата спој кој трае повеќе од 101 година: Интервју со Анита Чакарова, Директор за контрола, квалитет и безбедност на храна во ПИ „Кристал 1923“

УНИБанка АД Скопје започнува со продажба на инвестициско сребро. Инвеститорите добиваат нов инструмент односно опција за инвестирање на своите слободни средства

УНИБанка АД Скопје започнува со продажба на инвестициско сребро. Инвеститорите добиваат нов инструмент односно опција за инвестирање на своите слободни средства

Made in Macedonia-Три метларки од БРАКО за почисто Кавадарци

Made in Macedonia-Три метларки од БРАКО за почисто Кавадарци

КАРДИОЛОШКИОТ ТИМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВЕДЕ ПЕТ УСПЕШНИ TAVI – ПРОЦЕДУРИ ВО ЕДЕН ДЕН

КАРДИОЛОШКИОТ ТИМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВЕДЕ ПЕТ УСПЕШНИ TAVI – ПРОЦЕДУРИ ВО ЕДЕН ДЕН