15 Декември, 2025
0.5988

ДЛАБОК И МНОГУ ЛАДЕН СРЕДОЗЕМЕН ЦИКЛОН ВО МАКЕДОНИЈА - се најавуваат нови обилни врнежи од снег

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2024 06:26

Добивај вести на Viber

Од денеска, па во текот на целата седмицата под влијание на длабок циклонски систем со центар над Средоземјтето, во Македонија ќе настапи голема промена на времето која ќе донесе обилни врнежи претежно од снег, а во Повардарието и во крајните југоисточни предели ќе врне претежно дожд или комбинација од дожд и од снег.

- Во поголем дел од Македонија ќе се формира снежна покривка, особено во западните  и во источните предели каде се очекува висината на снежната покривка во овие делови и тоа во делови од градовите ќе биде со висина од 5 до 10 сантиметри, понекаде и над 20 сантиметри. На повисоките места, планините како и на Скијачките центри снежната покривка значително ќе се зголеми, и на планините  и Скијачките центри таа вкупно со новиот снег ќе изнесува локално и над па и до околу еден метар - укажува метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

Додава дека промената ќе биде проследенат со повремено засилен ветер од северен правец. 

- Што се однесува до Скопје и околината, со овој голем влажен и ладен бран ќе има врнежи од дожд и снег, а во деновите од новата седмица се очекува да се формира снежна покривка на околните планини, како и во повисоките предели од котлината, а мала снежна покривка можно е да се формира  и во делови од пониските предели од Скопската котлина. Повремено  и во Скопје ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре (понеделник) накратко тој ќе биде од југоисточен правец - нагласува Попоски.

Температурите наутро на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, додека преку ден ќе се искачуваат само за некој степен над нулата, а понекаде тие ќе останат и до околу, па  и под нулата. Секако, на планинските места и на Скијачките центри тие преку целиот ден ќе бидат под нулата.

- Поради очекуваните обилни снежни врнежи, препорачувам возачите да бидат крајно внимателни, особено доколку патуваат низ планинските превои каде ќе има многу снег, а се очекува  и појава на голомразица поради ниските теммпоератури. Поради ветерот ќе има и појава на снежни наноси. Исто така на скијачите кои ќе бидат на Скијачките центри, им препорачувам да бидат крајно внимателни и да не се оддалечуваат на поголема надморска височина, и тоа поради намалената видливост која се очекува - укажува Попоски. 

Можеби ќе ве интересира

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер