Крива Паланка и Крушево со најголем одзив во државата
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2019
До 13 часот најголема излезност во вториот круг од претседателските избори има во Крива Паланка (39 отсто) и Крушево (34 отсто), а најмала во Желино (4 отсто) и Боговиње (6 отсто).
Излезноста до 13 часот во Општина Струга е 10,15 отсто, во Ресен 20,4, а во Вевчани 22,8 отсто, соопштија претседателите на општинските изборни комисии.
Во Ранковце излезноста е 31 отсто. До 13 часот во Дебар излезеноста 9, во Центар Жупа 7 отсто.
Во Битола до 13 часот на гласање излегле 28,13 отсто од избирачите.