Во периодот од 16.01.2015 до 01.09.2016 година првопријавениот, вработен во “Кожувчанка” ДОО- Кавадарци, изготвил лажен договор за купопродажба на возило за чистење на снег и посипување со сол “UNIMOG U1400”, во кој истиот бил наведен како купувач, по што ваквиот договор го употребил при постапка заидентификација на патничкото возило, во Бирото за метeoрологија при Министерството за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила. Второпријавениот, пак, како управител на “Кожувчанка” ДОО и “ЈА-МИ” ДООЕЛ – Кавадарци, и покрај тоа што знаел дека наведеното возило било сопственост на “Кожувчанка” ДОО, со првопријавениот, склучил договор за купопродажба на наведеното возило, во кој како продавач бил наведен првопријавениот, а како купувал било наведено правното лице “ЈА-МИ” ДООЕЛ, информираат од полицијата.
Третопријавениот, како нотар, и покрај тоа што не му бил приложен оригинален договор за купопродажба на наведеното возило, ја заверил копијата од лажниот договор за купопродажба изготвен од страна на првопријавениот, по што го заверил и договорот за купопродажба на наведеното возило помеѓу првопријавениот, како продавач и “ЈА-МИ” ДООЕЛ, како купувач. Четвртопријавениот, како вработен во МВР – Одделение за управни работи – Кавадарци, издал согласност на “ЈА-МИ” ДООЕЛ за регистрација нанаведеното возилото, без да изврши увид во царинската декларација за наведеното возило, во која како увозник и сопственик била наведена фирмата “Кожувчанка” ДОО.




