18 Јануари, 2025
0.0258

Кривична пријава за сметките за парно – Регулаторна ги оштетила граѓаните за 5 милиони евра?!

Објавено во: Мои пари 30 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Стрезо Стрезовски од Скопје, поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против вработени во Регулаторна комисија за енергетика и нова иницијатива до Уставниот суд со која бара да се укине Одлуката за зголемување на цената за ангажирана моќност во сметките за парното, објави весникот „Дневник“.

Стрезовски тврди дека Регулаторна комисија за енергетика (РKЕ) неосновано ја зголемила цената за ангажирана моќност за 55,96 отсто од март до јули годинава и дека со тоа на граѓаните им причинила материјална штета која ја проценува на повеќе од 5 милиони евра. Неговата пресметка покажува дека цената за ангажирана моќност требало да падне за 2,58 отсто, а таа на топлинската енергија за 21,74 отсто. - Пријавата се однесува на кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања и за повреда на рамноправноста на граѓаните, кои ги сториле Н.Н. одговорни и овластени вработени во Регулаторната комисија за енергетика при одредувањето на цената која граѓаните – корисници на системот за затоплување ќе ја плаќаат за ангажираната топлинска моќност. Овие одговорни и овластени вработени, во рок од пет месеци, од март до јули 2013, неосновано, за 55,96 отсто ја покачиле цената на ангажираната топлинска моќност и со тоа на граѓаните им причиниле огромна материјална штета. Така направената штета може да се процени на преку 300 милиони денари, односно повеќе од 5 милиони евра – образлага Стрезовски во кривичната пријава до Јавното обвинителство испратена на почетокот на месецов.  

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение