18 Мај, 2024
0.2792

КРИЗА И КРЕДИТИ: Хипотеката и примањата – клучни за одобрување кредит!

Објавено во: Економија 17 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Забавена побарувачка на кредити од страна на населението. Неизвесноста од политичката криза го забави и штедењето и на граѓаните и на фирмите. Банкарите велат дека условите за кредитирање олеснуваат – но со намалена динамика. Позначајни промени во кредитната политика кон компаниите не се очекуваат. Дел од банкарите за “Фактор“ коментираат дека во период што следува не очекуваат промена во каматната политика и дека и натаму продолжува трендот на намалување на кредитната побарувачка кај фирмите.  

Кредитирање на фирми ...

Неизвесноста од политичката криза, маратонскиот пинг-понг на релација Собрание-Претседател на држава, исчекувањето за формирање на нова Влада се одразија и на кредитирањето и на штедењето. Најголемиот дел од банкарите велат условите за кредитирање на компаниите се “бетонирани“ односно непроменети, додека само една третина од банките во новата Анкета за кредитна активност посочиле на одредени олеснувања.

“Околу една третина од банките укажуваат на олеснети кредитни услови за одобрување кредити на претпријатијата во првото тримесечје. Исто така, поголемиот дел од банките упатуваат на непроменети кредитни услови, додека една банка укажува на делумно заострени кредитни услови. За наредните три месеци банките упатуваат на нето-олеснување на кредитни услови на сите типови корпоративни кредити, но умерено послабо во споредба со очекувањата од минатата анкета“ - се наведува во новообјавената анкета на Народната банка.  

Главно, олеснувањето на кредитните услови се потпира на нето-олеснувањето кај каматните стапки, додека останатите услови поврзани со големината на заемот или на кредитната линија, барањата за обезбедување и условите поврзани со достасувањето на заемите, нема промени. Но, анкетата покажува дека нема промени ниту во побарувачката на кредити од страна на фирмите .

“Во изминатиот период можам да кажам дека побарувачката на кредити од страна на фирмите значајно е намалена. Главната причина ја лоцираме во неизвесноста. Очекувано е дека во овој период приватниот сектор не се осмелува да влезе во инвестициски циклус. Главно кредитите што се бараат и земаат се или по основ на репрограмирање или за дневно работење“ - коментира банкар од една од водечките банкарски групации во земјава.

Оваа состојба е констатирана и во априлската анкета на НБМ.

“Поголемиот дел од банките и натаму упатуваат на непроменета побарувачка на кредити на претпријатијата. Нето -зголемувањето во првите три месеци е двојно послабо од очекувањата на банките дадени во претходната анкета“ - се вели во анкетата на НБМ.

Дури 91% од анкетираните банки оцениле дека промените во монетарната политика имаат незначително влијание врз кредитните одлуки.

Кредитирање на население...

Се значително намалено темпо банкарите ги олеснуваат каматните услови за населението.  Конкуренцијата меѓу банките е најзначајниот фактор што ги диктира каматните стапки, оосбено за потрошувачките и за станбените кредити.

“Од аспект на поединечните кредитни услови, кај каматната стапка на кредитите наменети за населението и понатаму се забележува нето-олеснување, но значително послабо кај потрошувачките кредити во споредба со претходната анкета. Кај провизиите и некаматните приходи кај станбените, односно потрошувачките кредити и понатаму се забележува нето - олеснување, но со послабо темпо кај потрошувачките кредити во споредба со претходната анкета. Останатите кредитни услови во овој период главно се задржани непроменети и кај двата типа кредити“ - констатираат банкарите.

Од друга страна кон заострување на кредитните условни, според објавената анкета, значајно влијае кредитната способност на потрошувачите. На стартот на 2017 забележано е намалување кај побарувачката на кредити на население. Дури 19% од банкарите изјавиле дека има намалена побарувака на станбени кредити, а се зголемил и процентот на банкари кои изјавиле дека се намалува и побарувачката на потрошувачки кредити. При одобрување на кредити според банкарите меѓу најважните фактори се: приходите и бонитетот на клиентот, вредноста на хипотека и капиталната моќ на кредитобарателот.  

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа