30 Април, 2024
0.0287

КРИЗНА СОСТОЈБА ВО ЗЕМЈАВА ЌЕ ИМАМЕ ДО КРАЈОТ НА ЈУНИ ИДНАТА ГОДИНА - народните избраници ја изгласаа одлуката

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Кризна состојба во земјава ќе имаме се до крајот на јуни идната година. Тоа го изгласаа народните избраници, откако го предложи Владата.

Со 61 глас „за“, без ниеден „против“ и „воздржани“ Собранието ја изгласа одлуката за прогласување кризна состојба во државата до 30 јуни 2021 година. На седницата не присуствуваа пратениците од опозоцијата.

Со  одлуката треба да се овозможи продолжување за уште шест месеци на едномесечната кризна состојба поради состојбата со коронавирусот што е во сила од 20. минатиот месец, со одлука на Владата, а на барање на Советот за безбедност.

Периодот за постоење кризна состојба на територијата на државава, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија со Ковид-19 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, е најмногу до 30 дена.

Владата на седницата на 1 декември  го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ја утврди потребата да се продолжи кризната состојба до 30 јуни следната година. По стапувањето во сила на тековната кризна состојба беше овозможено дел од припадниците на Армијата да се вклучат во физичко обезбедување на ковид центрите, според Предлогот изработен од Главниот штаб за управување со кризи. Министерствата за здравство, за внатрешни работи, за одбрана, Армијата , Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, со сите останати засегнати државни институции, пак, беа задолжени да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со кризната состојба.

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

И ЗНАМ ИМА УСЛОВИ: Максим објасни што бара од партиите за можна коалиција

И ЗНАМ ИМА УСЛОВИ: Максим објасни што бара од партиите за можна коалиција

ЛОГА: Oд Турција добивме одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски

ЛОГА: Oд Турција добивме одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски

МИЦКОСКИ: „ТОЧНО ЗНАМ АЛИ ШТО ПРАВИШ СО СОРАБОТНИЦИ И ТВОИТЕ БАНДИТИ ВО БУТЕЛ И ЧАИР“: „Се собираат во стан во Топанско поле наоружани до заби“

МИЦКОСКИ: „ТОЧНО ЗНАМ АЛИ ШТО ПРАВИШ СО СОРАБОТНИЦИ И ТВОИТЕ БАНДИТИ ВО БУТЕЛ И ЧАИР“: „Се собираат во стан во Топанско поле наоружани до заби“

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Новото партиско раководство треба да подаде рака кон нашите членови што заокружиле за Максим

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Новото партиско раководство треба да подаде рака кон нашите членови што заокружиле за Максим