Крмов: На пописот нема да има бројка за вкупно население
Објавено во: Македонија 22 Декември, 2020
Борислав Крмов, пратеникот од „Левица“, денеска на својот профил на Фејсбук објави дека на пописот планиран во април не е предвидено да се објави резултат за вкупен број на население и за вкупен број на попишани.
„Ни спремаат попис каде немаме дефинирано „вкупно население“ и вкупно „ПОПИШАНО“ население! Без ниедна јасна дефиниција за тоа кои „единици“ ќе се попишуваат само се наброени.Не е јасно наведено кои „ПОДАТОЦИ“ ќе се прибираат. Прашалникот го нема.Зборот „ДИЈАСПОРА“ го нема. Нема скоро НИКАКОВ КРИТЕРИУМ ќе се попишува СЕ'!“, објави Крмов.
Тој верува дека претседателот на Джавниот завод за статистика, кој е организатор на статистичката операција, ќе биде условуван со врзан потпис од неговиот заменик.
„И тие кои се тука, и тие кои не се, и тие со државјанство и тие без државјанство. Директорот на ДЗС има врзан потпис со заменикот од ДУИ. Уште еднаш ја повикуваме Владата да го повлече овој закон на сериозна доработка по стандардите на ООН и Еуростат. Во спротивно народот ќе биде приморан да се мобилизира за да спречи ФАЛСИФИКАТ! Ширете, ова НЕ СМЕЕ ДА ПОМИНЕ!!!“, пишува Крмов.