18 Мај, 2024
0.0299

Кромберг и Шуберт, Костал и Гентерм побарале уште поголеми поволности од македонската Влада

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Германските странски инвеститори во слободните економски зони - Кромберг и Шуберт, Гентерм, Костал и Марквард побарале уште поголеми олеснувања од тие што веќе ги имаат, пренесува Дојче Веле.

На средба со претставници од Владата тие се пожалиле дека поради повисоки царини за одредени репроматеријали нивните производи губеле на конкурентност, или во спротивност нема да може да го продолжат проширувањеро на планираните дополнителни инвестиции.

Дел од германските инвеститори деновиве оствариле средба со министерот за финансии Тевдовски - фото: Патрик Мартенс, директор на делегацијата на Германското стопанство во Македонија. Царинските стапки биле за 15 отсто повисоки во однос на просекот на ЕУ, а и процедурите биле сложени, велат извори од Германската комора. 

Деновиве тие оствариле средба со министерот за финансии Драган Тевдовски, пред кого ги изложиле своите конкретни предлози за промена на одредени царински стапки:

„Дел од присутните компании планираат проширување на своите инвестиции, но првично ќе почекаат на намалување на царинските тарифи. Тие се жалат дека царините ги прават неконкурентни и во такви услови не можат пред своите централи да образложат зошто би ја прошириле инвестицијата во Македонија и би отвориле нови работни места. Сметаат дека Македонија на ваков начин ја губи конкурентноста“, велат од Германската комора. 

Засега овие инвеститори ја плаќаат само царината, бележењето на влез-излез, снабдувањето со гас, закупот за деловен простор во зоните и придонесите, а допрва им истекува рокот по кој повеќе не ќе можат да го избегнуваат обврската за данок на добивка и персоналниот данок на доход.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа