06 Мај, 2024
0.0254

Кржалоски: Не се отвораат работни места за младите

Објавено во: Македонија 05 Април, 2018

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ настанала како децениски стремеж за возобновување на историското ВМРО и независна држава Македонија. Таа се создава како резултат на идејната и политичка дејност на низа патриоти од Македонија и емиграцијата, а пред се на идеологот на нашата партија, Драган Богдановски. Нашата партија во почетокот на деведесетите била исправена пред сериозен предизвик – да го мобилизира целокупниот прогресивен потенцијал од општеството за да донесе демократија и плурализам и да го урне едноумието. А за остварување на тие цели морала да ги афирмира вредностите за кои се залага особено помеѓу младите луѓе, рече Лука Кржаловски на свеченоста за одбележување на годишнината од основањето на УМС.

Новиот претседател na младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во тие историски мигови на државата и партијата, младите со целиот свој потенцијал се вградија во промените што значеа демократија, развој и просперитет.

Кржалоски порача дека партијата со подмладокот се градела како бедем, доживувала подеми и падови, но секогаш излегувала посилна за да денес прерасне во најголема и најмоќна младинска организација во Македонија рамноправна со останатите подмладоци во Европа.

-И денес сме исправени пред предизвици кои ни ги постави новата политичка реалност. Сведоци сме дека секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се прави најмногу за младите во секој сегмент: образование, политики за зголемување на младинската вработеност, поттик на претприемништво и сето она што ја креира иднината на младите. Тоа го докажуваат фактите и бројките. Од друга страна, денес реалноста е сосема друга. Македонија веќе цела година се движи наназад и се урнисува сето она што беше создавано. Ние, младите, тоа го чувствуваме најмногу. Оваа власт пред наши очи ја разградува нашата држава и тоа длабоко не загрижува. Власта, се однесува целосно игнорантски за потребите на младите луѓе како да се граѓани од втор ред. Не се отвораат работни места за младите, не се подобрува студентскиот стандард, не се слуша нивниот глас за ниту едно прашање од државен интерес, рече претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Кржалоски вели дека се даваа лажни предизборни ветувања, се реализираат буџетски кратења, скандали во студентските домови и кадровски промашувања кои ги деградираат институциите.

-Тоа е суровата реалност во која живееме. Гледаме пад на сите морални вредности и нивно искривување и како такви под превезот на “модерното” се нудат на младите. Токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш е подготвена да подаде рака кон младите луѓе, заедно со нив да креира политики за да им овозможи перспектива. Затоа што Република Македонија е нашиот дом. Унијата на Млади Сили повторно ја има обврската да биде авангарда и движечка сила како фактор на обединување на младите во државата за подобро утре. На  огромно задоволство, во остварувањето на овие задачи како најголем поддржувач го имаме претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер, г-динот Христијан Мицкоски кој покажа дека младите се врвен приоритет за нашата партија за што искрено му благодарам. Претседателе, во вашето водство веруваме, порача тој.

Кржалоски како нов претседател на Унијата на Млади Сили најавува дека во наредниот период ќе допре до сите млади луѓе во Република Македонија, до секој член од месните и општински комитети на УМС.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта