Куќа од иднината – добра и за здравјето и за околината
Објавено во: Стил 02 Декември, 2014 11:47
Според авторите на проектот Photon Space повеќето сончева светлина ќе го подобри деноноќниот ритам, регулиран од биолошкиот часовник. Така телото ќе функционира подобро.
За стаклените куќи ќе се користи најнова технологија. Стаклата ќе бидат повеќеслојни со висока изолација, за да го запираат студот и горештината. Тие ќе можат да се затемнуваат по желба со smartphone во текот на денот или ноќта. High-Tech стаклата запираат 99,9 проценти од ултравиолетовата светлина и 85 проценти од звукот.
"Овој проект обединува години истражување, иновации, инженерски и архитектонски достигнувања, за да обезбеди нов начин за постигнување одмор, подмладување - рече при претставувањето на стаклените куќи директорот на компанијата Чарли Шарма. - Во современиот живот поминуваме многу време во затворени простории, иако е научно докажано колку корисна за здравјето, расположението и продуктивноста е светлината. "
За изградба на мала стаклена куќа ќе бидат потребни само четири недели. Дизајнот може да се менува според изборот на клиентот.
Локацијата на куќата очигледно ќе е важна. Најпрометните места нема да нудат толку големо спокојство како изолираните катчиња среде природата. Во градовите сепак такви куќи можат да се градат на покривот на високи згради, бидејќи се многу полесни.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





