Куќен притвор за даночните инспектори Паунов и Димитриев
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2025 12:47
Кочанскиот суд определи мерка куќен притвор на двајца првоосомничени во случајот со поткупот за Пулс на двајцата контролори од УЈП - Драган Паунов и Дуле Димитриев.
Во предистрага која беше отворена вчера. Обвинителството бараше ефективен притвор за двајцата даночни контролори во регионалната дирекција на УЈП во Штип.
Двајцата се осомничени дека „ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ненајавени контроли во правни субјекти – даночни обврзници и со цел да прибават противправна имотна корист и подароци му ги откривале информациите и го предупредувале за контролите одговорното лице во клубот Пулс во Кочани.“ Обвинителството ги товари за примање поткуп.
За уште 6-мина осомничени службеници во УЈП-Штип се определени мерки на претпазливост. Сите се осомничени за коруптивни дела поврзани со кабарето Пулс во кое, на 16-ти март во пожар загинаа 63-ца главно млади луѓе и над 210 беа повредени. Акцијата во УЈП Штип се реализира еден ден по стартот на судењето за таа трагедија.
Шестмина осомничени, даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица, им овозможувале на правните субјекти “ММММ кафе” и „Пулс” да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без соодветна фискализација, со што се осомничени дека сториле – Злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353 од Кривичниот законик.За нив се предложени мерки на претпазливост“, велат од ОЈО.
Сопственикот на „Пулс” кој веќе е во притвор во другиот предмет е осомничен за Фалсификување исправа според член 378 од Кривичниот законик, бидејќи подолг временски период свесно и со умисла за време на контроли од Управата за јавни приходи приложувал преправени фискални апарати со контролни фискални извештаи со невистинити податоци, кои истиот ги употребувал како вистински, а се со цел и намера избегнување на парични глоби и затворање на објектот.
Можеби ќе ве интересира
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро




