КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант
Објавено во: Македонија 27 Март, 2024
Две лица измамиле маж од Куманово за 800 евра.
73-годишен маж од Куманово вчера во 14.30 часот во СВР Куманово пријавил дека на плоштадот Македонија во Скопје две лица го измамиле.
„Според пријавеното, лицата му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека им требаат парите за да одат на лекар и за возврат ќе му дадат дијаманти, а откако ќе завршат ќе се вратат и ќе му ги дадат парите. Како што е пријавено, тој им ги дал парите, а тие му дале накит за кој подоцна утврдил дека е бижутерија. Исто така, според пријавеното, лицата не се вратиле, по што сфатил дека е измамен“, велат од полицијата.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.