Куманово и Тетово вечерва се најзагадени
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2020
Куманово и Тетово вечерва се најзагадени градови во Македонија според податоците од мерните станици.
Во овие два града воздухот е многу високо загаден.
Во Битола, Гевгелија, Кавадарци и Кочани воздухот е високо загаден, како и во делови од Скопје.
Во Велес, Дебар и Струмица воздухот вечерва е ниско загаден.
Во 17 часот во Бардовци е измерено многу високо ниво на ПМ 10 честички во воздухот од 94 микрометри на метар кубен. Квалитетот на воздухот е исто така 94, што значи дека воздухот е многу загаден и треба да се затвораат прозорците, да се избенува активност на отворено и да се носи маска.
фото Википедија