03 Мај, 2024
0.2739

Купувачите се спасуваат од данокот на двојно „поскапите“ дуќани

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

За купо-продажен договор од 24.000 евра, на новопечен сопственик на локал во трговскиот центар „Техника“ во населбата Карпош 3 спроти Skopje City Mall од Градското собрание на Град Скопје му пристигнало решение дека локалот од 32 м2 му е проценет на 64.000 евра и според тоа треба да плати три отстотен данок за стекнување недвижнина од 1.900 евра.

Тешко е да се пресмета колку пари повеќе неправедно се платени од страна на сопствениците како данок на имот на недвижнини при купување на локали, но сигурно е дека тоа треба да се измени со новата методологија на проценување на вредноста што ја прави Министерството за транспорт и врски. Иако од таму најавуваа дека ќе биде готова во текот на септември, на истата се уште се работи.

- Стручни лица од Министерството за транспорт и врски работат на новата методологија заедно со Комората на проценители. Набрзо истата ќе биде готова - изјави Кире Коцевски, портпаролот на министерството, кое пред неколку години ја изработи тековната методологија која се покажа како мошне нефункционална и неправедна во овие ситуации.

Тековното проценување се покажа мошне неправедно, особено за локалите во Скопје кои географски се наоѓаат во поурбани и поатрактивни средини, но истовремено непрометни. Според актуелната методологија, вредноста што им се препишува на дуќаните, канцелариите и продавниците е далеку повисока отколку реалната пазарна цена. Според тоа, без разлика колкава сума се купо-продажните договори, данокот на имот се пресметува според утврдената методологија, а тука губат најмногу оние кои купуваат, односно продаваат недвижнини што не се на атрактивни локации.

- Како е можно простор од 32 м2 во овој трговски објект, кој имаше проблеми со легализирање и беше дивоградба до 2016-та, да вреди 64.000 евра, особено што местото е неатрактивно, а тој не се гледа од улица од каде што би го здогледале минувачи, туку е запикан внатре. Продажна цена на дуќаните овде се движи од 800 до 1.000 евра по квадрат, а нереаните проценки покажуваат дека вредат од 1.900 до 2.100. Старата методоологија беше пореална и дефинитивно треба да се промени оваа што е денес, особено што не се жалам само јас, туку и многу други купувачи од други места. Треба да се знае дека ова не се станови, бидејќи ним цената им е статична според местото на живеење. Ова се комерцијални простори чија цена е динамична и се менува со времето, па може да падне многу ако трговскиот центар се покаже неатрактивен - вели Крсто од Карпош.

Според законот за децентрализација, околу 70 отсто од наплатениот данок на имот на недвижнини добиваат општините, додека околу 30 отсто оди во касата на Град Скопје. Данокот изнесува 3 отсто, а понекогаш може да биде дискреционо 3,5 отсто доколку се оцени дека се работи за полуксузно место.

- Критериумите се направени за да се заштити буџетот од „нереални“ договори и плаќање многу мал данок и затоа мора да се проценува имотот. Главен критериум се зоните, односно во која зона од општината се наоѓа недвижнината, но тука се гледа од каков материјал е објектот, на пример монтажа или бетон, или пак дали е опремен или е карабина. За сето тоа се врши бодување и може слободно да се каже дека тоа е цела научна операција, која дури ја користат и вештаците за експропријација. На терен излегуваат проценувачи и гледаат конкретно за каква хала, магацин, канцеларија се работи. Има многу незадоволно и порано поднесуваа жалби, а сега според прописите актот е тужба, но во главно истите се отфрлаат - ни велат информирани од одделението за утврдување и наплата на данок на имот на Град Скопје.

Паушална и повисока проценета вредност на имотoт од реалната пазарна вредност, што влијае на висината на данокот што го плаќаат, е една од поплаките што ги изнеле граѓаните во неодамна објавената анализа за администрирање на даноците во град Скопје. Официјалните податоци покажуваат дека стапките на данокот на имот во Македонија се ниски во споредба со другите европски земји, но, граѓаните во анкетата спроведена за потребите на анализата наведуваат дека се незадоволни од износот што го плаќаат. Мнозинството од анкетираните не се согласуваат дека износот што го плаќаат за данок на имот односно за данок на наследство и подарок е разумен и правичен.

Во новата методологија се очекува да биде вклучена масовна проценка од страна на Агенцијата за катастар на невдижности на сите досегашни трансакции за тоа да биде основа за пресметка на висината на даноците на имот, како и вклучување независни проценители во случаи на жалбена постапка и реевалуација на вредноста на имотот.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор