21 Јануари, 2025
0.0277

КУРТИ ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ЛИРИДОНА: Натежнуваат врз умовите и срцата на сите

Објавено во: Балкан 05 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

За убиствата на Вања Ѓорчевска и Лиридона Адемај, не е доволно апсењето на сторителите, треба заслужени казни, вели косовскиот премиер Албин Курти. 

Курти изјави дека на сторителите на киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Македонија и нарачаното убиство на 30-годишната Лиридона Адемај во Косово, мора да им се изрече заслужената казна, за таквите злосторства да не се повторуваат во иднина, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти рече дека двете убиства „натежнуваат врз умовите и срцата на сите“ во двете земји.

Тој кажа дека ставањето зад решетки на нарачателите и извршителите на убиставата на Лиридона Адемај и Вања Ѓорчевска не е доволно, туку и судовите треба да ги третираат случаите на насилство врз жени и девојчиња како приоритет.

„Неодамнешните убиства, нарачаното убиство на Лиридона Адемај од страна на нејзиниот сопруг и киднапирањето и убиството на 14-годишната (Вања Ѓорчевска) во Скопје, натежнуваат врз умовите и срцата на сите. Нарачателите и извршителите на инцидентот во Лиридона се уапсени и ставени зад решетки“, рече Курти.

Тој ја пофали полицијата како „брза како и секогаш, која дејствува брзо и со висока ефикасност“, истовремено барајќи од правосудниот систем да посвети поголемо внимание на случаите на насилство врз девојчињата и жените. Случајот со Вања го потресе регионот. 

Можеби ќе ве интересира

НЕВИДЕНА ТРАГЕДИЈА: Осуммина загинаа, 13 се повредени во пожар во старски дом во Белград

НЕВИДЕНА ТРАГЕДИЈА: Осуммина загинаа, 13 се повредени во пожар во старски дом во Белград

„ЗБОГУМ КАНАДА, ОДАМ ВО ПАНАМА“: Исповед на Балканец - „Ние не сме Канаѓани“

„ЗБОГУМ КАНАДА, ОДАМ ВО ПАНАМА“: Исповед на Балканец - „Ние не сме Канаѓани“

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

(ВИДЕО) БЛОКАДИ ВО НОВИ САД: Постар маж извади нож за да нападне студент

(ВИДЕО) БЛОКАДИ ВО НОВИ САД: Постар маж извади нож за да нападне студент

ПАТУВАЊЕ БЕЗ ВИЗИ: Колку е моќен бугарскиот пасош?

ПАТУВАЊЕ БЕЗ ВИЗИ: Колку е моќен бугарскиот пасош?

ДОДИК: Ако Америка може да ги земе Гренланд и Канада, Република Српска може да се обедини со Србија

ДОДИК: Ако Америка може да ги земе Гренланд и Канада, Република Српска може да се обедини со Србија

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

ТОА ЌЕ БИДЕ КРУНА НА ГЛАВНИОТ ГРАД: Еве како ќе изгледа луксузниот комплекс на американскиот претседател во Белград

ТОА ЌЕ БИДЕ КРУНА НА ГЛАВНИОТ ГРАД: Еве како ќе изгледа луксузниот комплекс на американскиот претседател во Белград

КОС ЈА ОХРАБРИ ЦРНА ГОРА: Кога ќе влезат во ЕУ?

КОС ЈА ОХРАБРИ ЦРНА ГОРА: Кога ќе влезат во ЕУ?