04 Мај, 2024
0.0245

Кузмановска: Македонија доживува економски фијаско

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Македонија доживува економски фијаско, а денеска СДСМ се задолжува за нови 24 милиони евра, трет пат за само три недели, изјави Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција. 

Таа вели дека од Нова година власта го задолжи секое 4 члено семејство за 1.200 евра. 

„Пари кои утре треба да ги враќаат нашите деца. Уште потрагично е што неспособната Влада на СДСМ нема реализирано ниту еден инфраструктурен проект, ниту пак го подобрела стандардот на граѓаните. Државата се задолжува, а парите завршуваат по нечии џебови. Со месеци беа стопирани сите проекти, а ниту еден нов капитален проект не е отпочнат. Пензиите не само што не се покачија, туку се укина и предвиденото покачување од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Нема пари ниту за ветената просечна плата од 30.000 денари, ниту за плата од 100.000 денари за докторите. Нема пари ниту од ветениот поврат од 30-000 по основ на ДДВ, кој што Заев го ветуваше за секое четиричлено семејство на крајот на годината“- рече Кузмановска.

Таа додаде дека за 8 месеци, откако СДСМ дојде на власт, земјата е задолжена за 1,3 милијарди евра, а предвиден е и досега најобемниот буџет со огромен буџетски дефицит, но со скоро никакви зголемувања во делот за капитални инвестиции.

„Ништо од ветените 5% годишен раст. Растот на економијата за првите три квартали е негативен. Трошоците на живот пораснаа за 1,4%, а цените на мало за 3,2%, во исто време кога просечната плата не се зголемува, што директно влијае на стандардот на граѓаните на неговото намалување а зголемување на немаштијата. Државата нема никакви изгледи за развој. Индустриското производство кое е мотор на економијата во август падна за 5.3%, рударството за 6.1%, а преработувачката индустрија падна за 8%. Ова потврдува дека економската слика на државата е катастрофално лоша со тренд на дополнително влошување“ - вели Кузмановска.

Таа додаде дека од друга страна, Заев, Анѓушев и Драган Тевдовски не се откажуваат од луксузот и расфрлањето.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски