30 Септември, 2024
0.0249

КЗК го стопираше тендерот за 5Г-мрежа, АЕК и Владата ја намалиле цената за третиот оператор за повеќе од половина

Објавено во: Економија 11 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Комисијата за заштита на конкуренцијата го блокираше тендерот на Агенцијата за електронски комуникации, одобрен од Владата, за 5Г-мрежата, затоа што условите за третиот предвиден оператор кој треба да влезе на домашниот пазар биле неконкурентни.

Во заклучокот КЗК вели дека почетната цена за надоместокот кој треба да го уплати третиот оператор е двојно помала во однос на домашните оператори и тоа се смета за државна помош која ги става во неповолна ситуација конкурентите.

Два од шестте опсези од фреквенциите 700 MHz (694-790 MHz) и 3.x GHz (3400-3800 MHz) кои се водат како А1 и Б1, инаку предвидени само за надворешниот оператор, би чинеле како почетна сума во наддавањето 2.750.000 и 1.250.000 евра, односно двојно помалку од А2 и А3 за кои најмалку треба да се плати по 5.500.000 евра, односно Б2 и Б3, кои би чинеле најмалку по 2.500.000 евра.

„Поради тоа, што Одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата битно ќе влијае врз постапката за доделување на одобренија за користење на радиофреквенции од радиофреквенциските опсези 700 MНz и 3.x GHz по пат на јавен тендер со јавно наддавање, со цел правилно и законско спроведување на постапката, директорот на Агенцијата за електронски комуникации одлучи да се прекине постапката се до донесување на конечен акт од Комисијата за заштита на конкуренцијата“, се вели во одлуката на АЕК.

Јавното отворање на понудите требаше да се оддржи на 5 јануари, по што требаше да започне процеост на евалуација и избор на операторите. Директорот на АЕК, Јетон Акику, потврди дека постапката е прекината и дека е донесена одлука со поддршка од Владата да се започне нова, односно да не се чека конечниот акт на КЗК.

- Доколку ја чекаме Комисијата за заштита на конкуренцијата тоа би траело околу осум месеци, а ние сакаме побргу да заврши тендерот. Затоа одлучивме да поведеме нова постапка и целиот процес би требало да заврши за пократко време. Очекувам тоа да трае три месеци, ни изјави Акику.

Од КЗК во заклучокот велат дека на случајот се пожалила заинтересирана странка. Одобрението за опсезите А1 и Б1 првично биле 6 и 3 милиони евра надоместок за нов мрежен оператор.   Потоа биле намалени за 50 отсто, односно на 3 и 1,5 милиони евра, за на крај почетните суми да се сведат на 2,75 и 1,25 милиони евра. 

„За таквата донесена Одлука на директорот на Агенцијата за електронски комуникации даде согласност и Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 9.11.2021 година. Според Комисијата за заштита на конкуренцијата намалениот еднократен надоместок за одобренијата А1 и Б1 односно за избор на нов мрежен оператор претставува државна помош во смисла на законодавството за државна помош, бидејќи имаме состојба на потенцијално или реално намалени приходи на државата споредбено со состојбата кога/ако третиот мрежен оператор би платил пазарна цена на еднократен надоместок за одобренијата А1 и Б1 при влегување на нашиот пазар. 

 Согласно член 5 од Законот за контрола на државната помош намалувањето на еднократниот надоместок со донесената Одлука на АЕК (при што Владата на Република Северна Македонија дала согласност за таквата донесена Одлука на АЕК), на определеното претпријатие му овозможува економска предност која не би била можна без доделената државна помош или преку фаворизирање на производството на одредени стоки или давањето на одредени услуги. Следствено постојат сериозни сомневања за дозволеноста на доделувањето на таквата помош“, се вели во заклучокот на КЗК кој ја стопирал постапката.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи