30 Март, 2025
0.0386

ЛАНИ ЗА ШЕЕСЕТИНА НАСТАНИ УРЕДНО СЕ ПРИЈАВЕНИ ОГНОМЕТИ: Колку постапки повела полицијата за непријавените?

Објавено во: Македонија 27 Март, 2025 07:33

Добивај вести на Viber

Како што одговараат од Министерството за внатрешни работи(МВР) за Фактор,  лани имало скоро 60 настани со огномети кои се уредно пријавени во согласност со законот. За различни манифестации во земјава се практикува да има огномети.  Но, имало и пријави во полиција за непријавени огномети.

„Во 2024 година во сите Сектори за внатрешни работи биле пријавени вкупно 57 настани и манифестации на кои ќе бидат употребени огномети, а поднесени се вкупно 11 барања за поведување на прекршочна постапка за непријавени огномети“, информираат од МВР.

Инаку, по пожарот во Кочани кој се случи на 16 март годинава и каде загинаа 59 луѓе, а над 140 беа повредени, откако од употреба на пиротехника се запали покривот на дискотеката, пиротехничарите советуваат луѓето да ги почитуваат прописите и да не користат пиротехника на своја рака. За оваа цел, треба да анагжираат фирма која има стручни лица и соодветна лиценца. Но, често сме сведоци дека граѓаните и на приватни забави употребуваат  пиротехника.  Во Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, кој е достапен и на веб страницата на МВР, стои дека палење ракети и приредување на огномет, факелијада или слични приредби мора да се пријават во Секторот за внатрешни работи на Министерството за внатрешни работи на чие подрачје ќе се одржи приредбата најдоцна пет дена пред почетокот на приредбата.

„Во пријавата од ставот 1 на овој член се наведува местото, времето и целта на палењето, односно одржувањето на приредбата, бројот на факлите, односно количеството на пиротехничките средства што ќе се употреби и мерките за безбедност што ќе се преземат. Пријавувачот е должен да ги спроведе мерките за безбедност што ги навел во пријавата, како и мерките што му ги определил Секторот за внатрешни работи на Министерството за внатрешни работи. Секторот за внатрешни работи на Министерството за внатрешни работи на кого му е поднесена пријавата може да го забрани палењето на ракети, односно одржувањето на приредбата ако тоа го бараат причините на безбедноста. Писменото решение од ставот 4 на овој член ќе се достави на пријавувачот најдоцна 48 часа пред одржувањето на приредбата“, стои во законот.

Откако се случи трагедијата во Кочани, полицијата на Бит Пазар уапси скопјанец кој продавал пиротехника.  Владата планира целосно да забрани употреба на пиротехнички средства во затворен простор. Ова пред неколку дена го потврди министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Според она што го кажа министерот,  постоечката легислатива што го уредува тоа прашање датира некаде од 78 година од минатиот век, така што,  планираат донесување целосно нов закон. Поради потребата од итност во уредувањето на тоа прашање, тој рече дека до донесувањето нов закон решение ќе се бара со измени на членови од постоечката легислатива. Во новата 2025 година на социјалните мрежи се појави видео од дочекот во Куманово, каде се гледа дека на повеќе локации во центарот, граѓаните користат пиротехника. Описот на видеото гласеше „Куманово ли е, Газа ли е“, со цел да се укаже дека луѓето претеруваат со употреба на пиротехнички средства.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Пратениците да одморат уште за празникот па се враќаат на работа

Пратениците да одморат уште за празникот па се враќаат на работа

МВР: Пукал со гасен пиштол на главниот булевар во Чаир

МВР: Пукал со гасен пиштол на главниот булевар во Чаир

Министерство за здравство: :Четири пациенти од странство пуштени на домашно лекување

Министерство за здравство: :Четири пациенти од странство пуштени на домашно лекување

МВР му го одзеде „крајслерот“ на Турчин кој тероризирал со бучава

МВР му го одзеде „крајслерот“ на Турчин кој тероризирал со бучава

ДУИ за Бајрам го посети семејството на Бектеши додека тој е во притвор

ДУИ за Бајрам го посети семејството на Бектеши додека тој е во притвор

Мицкоски: Сега не би размислувал за заеднички кандидат со СДСМ за градоначалник на Кочани

Мицкоски: Сега не би размислувал за заеднички кандидат со СДСМ за градоначалник на Кочани

Обвинителството ја продолжува истрагата за аферата со мазутот

Обвинителството ја продолжува истрагата за аферата со мазутот

Херојот Костадинов: Најтешко ми беше да изнесувам онесвестени на раце

Херојот Костадинов: Најтешко ми беше да изнесувам онесвестени на раце

ПРИМИ ВИТАМИНСКА ИНФУЗИЈА ПРЕД ОПЕРАТА „ТРАВИЈАТА“: Тенорот Благој Нацески има вирусно заболување

ПРИМИ ВИТАМИНСКА ИНФУЗИЈА ПРЕД ОПЕРАТА „ТРАВИЈАТА“: Тенорот Благој Нацески има вирусно заболување