ДОДИК НАПИША МИСТЕРИОЗНА ПОРАКА – „СТИГНАВ“: Уште нема информација каде е пратседателот на Република Српска
Објавено во: Балкан 29 Март, 2025 11:27
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик се огласи за прв пат по два дена молк, објавувајќи кратка и мистериозна порака на социјалната мрежа Х: „Стигнав“.
Оваа објава доаѓа откако тој претходно бил виден во авион кој слетал во Белград од Израел, каде потоа му се губи секаква јавна трага.
Се уште нема потврдени информации за тоа каде се наоѓа Додик, ниту дали се вратил во Босна и Херцеговина, поточно во Бања Лука, ниту како би можел да биде префрлен.
За време на престојот во Израел, самиот Додик го најави своето враќање во БиХ „идната недела“.
Инаку, тој пристигна во Белград, наводно во колона возила кои не ги поминале вообичаените гранични контроли, што дополнително предизвика сомнеж за неговиот начин на движење.
Против Додик е распишана централна потерница во рамките на БиХ, а се очекува и одлука на Интерпол за можна меѓународна потерница. Засега нема официјална потврда од Интерпол дали Додик ќе се соочи со меѓународни мерки.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа





