„ООО ВИЕ ВИЧНИ ОБВИНИТЕЛСКИ КАПИТАЛЦИ“: Адвокатот Сашо Дукоски не може да се дочуди на правната неписменост на обвинителите од Кочани

Објавено во: Македонија 29 Март, 2025 07:23
Адвокатот Сашо Дукоски во својата објава на ФБ жестоко ги критикува обвинителите од Кочани за правна грешка – поднеле жалба на одлука што веќе е правосилна, што значи дека нема право на понатамошна жалба. Според него, ваков чекор покажува правна неписменост, бидејќи законот не дозволува „трето ниво“ на жалбена постапка. Дукоски истакнува дека Апелациониот суд во Штип исправно ја отфрлил жалбата како недозволена и се чуди како обвинителите воопшто помислиле дека можат да ја поднесат.
-Значи ова што че го напишам нема ама баш никаква врска со политика! Никаква, да не се недоразбираме! Само стручен коментар согласно Законот за кривична постапка! Колку треба да си правно неписмен и нестручен како обвинител во Кочани да пишеш жалба на второстепено решение кое е правосилно,односно на одлука по жалба на судија на претходна постапка по кој одлучува кривичен совет на судот во Кочани! Значи,таа одлука е правосилна и...крај! Нема право на трета инстанца ,оооо вие „вични обвинителски капиталци„ Како бе ќе водедувате тростепеност во жалбена постапка, м, како? Нормално дека ќе ви се отфрли жалбата како недозволена затоа што немате право на таков правен лек по одлуката на кривичниот совет на судот во Кочани! Или се уплашивте што ќе помисли јавноста ,па ај,да си поднесам жалба!!! ЦЦЦЦЦ, кои правни капиталци,па,па,па... Повторувам, нема врска ова со политика, има со правна неписменост. Во право е Апелациониот Суд во Штип кога ги отфрла жалбите како недозволени! Мене би ми било срам некој да ми отфрли жалба како недозволена. Ама не и на капиталциве од обвинители од Кочани!, посочува во објавата на ФБ.
Можеби ќе ве интересира
РАСПИТИ, АНАЛИЗИ И ВЕШТАЧЕЊА ОД ГОЛЕМ ОБЕМ ЗА СТРАОТНИОТ ПОЖАР ВО КОЧАНИ - обвинителите работат, ама тоа мора да е тајна за да не се компромитираат доказите

ПЕТРУШЕВСКИ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ: „Синдикалецот на батерии Трендафилов, за 14 месеци инкасирал 1.688.000 денари! Ова не е априлилили!„

ИНА МНОГУ ФИНА НИ ЈА ПЛЕСНА ВИСТИНАТА ВО ЛИЦЕ: „Црева? Тие во црвената кутија тука кај лифтот? Ги продаде Баже“

ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА ДОБИ САРАМАКОВ - полицискиот службеник, кој бил обезбедување и на Мицкоски е во Шутка

НЕМА ВЕЌЕ ПИРОТЕХНИКА ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР: Пратениците изгласаа законски измени со кои тоа изрично ќе се забрани

ТАРАВАРИ ВЕЛИ ДЕКА МИЦКОСКИ Е ВО ПРАВО, А НЕ ПЛАНИРА ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ВЛАДА: Еве што вели првиот човек на здравството

НАД 2.500 КАЗНЕТИ ВОЗАЧИ ЗА ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД - не почитувале брзина, непрописно се паркирале, немале возачка...
СДСМ прашува кој ја диригира соработката со нарко клановите - ВМРО возвраќаат: „Законот важи за сите“

ТАРАВАРИ СООПШТИ УБАВИ ВЕСТИ: Закрепнаа 93 пациенти, подобрена е состојбата на еден од четворицата во критична состојба, во странство се лекуваат уште 100 пациенти
